02.03.2020

14.КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ПРВА ЛИГА: Бадел 1862 во победнички ритам, со плус 30 во Струга

Во три дена, две големи победи за девојките во „сино-жолта“ комбинација...

 

Кошаркарките на Бадел 1862 година влегоа во побeдничка серија. Во само три дена славеа две големи победи. Прво против Вардар, кога му го нанесоа првиот пораз (68:66) на бранителот на титулата во сезоната. А два дена подоцна, „баделки“ победија и на гостувањето во Струга против вториот против-кандидат за најдобрата стартна позиција пред плеј-офот – Струга 2009.

Делуваа убедливо девојките во „сино-жолта“ комбинација против Струга 2009, победија со 30.поени позитива (77:47), па сега со подобар кош-количник се на првата позиција на табелата во Првата лига.

Ист број на бодови, 27, има и актуелниот првак, екипата на Вардар, која по несреќниот пораз во дербито со Бадел 1862, безмилосно го наполни кошот на Патриот 2016, (103:40).

„Гостинското“ коло го комплетираа и кошаркарките на Баскет КАМ кои го победија Шкупи (55:34), Трокал во дуелот со Пантери (62:49), како и екипата на МЗТ Скопје Аеродром која излезе како победник на гостинскиот терен во Гостивар (51:44).

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 14. КОЛО

Шкупи – Баскет КАМ       34:55

Пантери – Трокал 49:62

Гостивар – МЗТ Скопје Аеродром     44:51

Вардар – Патриот 2016  103:40

Струга 2009 – Бадел 1862         47:77

Крива Паланка – Пробаскет Академија       07.03

ТАБЕЛА: Бадел 1862 27, Вардар 27, Баскет КАМ 25, Струга 2009 25, МЗТ Скопје Аеродром 22, Крива Паланка 20 (-1), Пробаскет Академија 20 (-1), Гостивар 2009 19, Трокал 17, Шкупи 16, Пантери 16, Патриот 2016 15;

ИДНО КОЛО (07.03)

Баскет КАМ - Трокал

Гостивар 2009 – Пантери

Патриот 2016 – Струга 2009

МЗТ Скопје Аеродром – Шкупи

Пробаскет Академија – Вардар

Баскет КАМ – Крива Паланка