27.02.2021

Со променлива игра, тимот од Кисела вода сепак го пронајде патот до успехот во мечот со Црн Дрим (74:68)

15. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Академија ФМП ја прекина серијата на порази

Кошаркарите на Академија ФМП ставој крја на лошаѕа серија на резултати уште на првиот меч по првенствената пауза.

Иако не блескаа, сепак, избраниците на тренерот Александар Петровиќ одиграа едно одлично второт полувреме, пред сè третата четвртина со која го скршија отпорот на жилавито пртивник од Струга кој имаше двоцифрена предност на полувремето.

Академија ФМП – Црн Дрим Грин мобиле            74:68

Гостите беа во преден план од почетокот на средбата. Изненадија стружани со доста добра играна, во одбраната. На противникот му дозволија да уфрли само десет поени за исто толку минути. Дадоа 15, за водство, (15:10) на истекот на првата четвртина.

Со две тројки на почетокот на втората четвртина, Академија ФМП го превзема водството, поведе со (16:15).

Практично од тој момент се беше во рамките на егалот. Ниту една од двете екипи не обезбеди некое поголемо водство, имаше и доста чести промени. Но не и предност повеќе од еден или два поени на двете страни од игралиштето.

Таа беше во првите шест минути од оваа средба, кога Црн Дрим уште еднаш успеа да се одвои, и да поведе со (30:22), како што беше резултатот на 3:43 минути пред истекот на првиот дел од играта.

Имаа гостите и (39:30) на влезот на последната минута, кое го зголеми Хортман, постави (41:30), на семафорот по 20.минути.

Но, се беше поинаку во третиот период од играта, оној најдобриот за домашните кошаркари. Долго време „се бараа“, но успеаја да се пронајдат во тој дел од играта во кој направија целосен играчки, но и резултатски пресврт.

Направија плус 20 (26-6) за во последниот дел влеза со високи (56:47) во однос на гостите од Струга, кои едноставно како да „потонаа“ по одлично одиграното прво полувреме.   

 

ПРВА ЛИГА – МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 15. КОЛО

Куманово 2009 – Гостивар        81:73

Академија ФМП – Црн Дрим Грин мобиле 74:68

Еуро Никел 2005 – Работнички           83:84

НЕДЕЛА:

16.30: МЗТ Скопје Уни Банка – Пелистер

Мала сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

17.00: Вардар – Кожув

Сала на КК „Вардар“ – Скопје

ОДЛОЖЕН НАТПРЕВАР:

ТФТ – МЗТ Скопје Аеродром