03.02.2022

Вечерва (18.часот), средбата со Кожув е наредното искушение за кошаркарите на Пелистер за одржување на непобедливоста

15. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Гевгелија е следната станица за лидерот

Некој ден порано од предвидениот термин, својот натпревар од 15. коло во Првата лига-мажи ќе го одигра и нашиот втор претставник во АБА 2 лигата.

Кошаркарите на Пелистер одат на гостување во Гевгелија, ги чека наредниот предизвик – Кожув.

Битолчани сакаат да го продолжат својо победнички низ кој го креираа во изминатите 14. кола, против екипата која е вистинска енигма, особено по периодот на зимска пауза.

Голем број на играчки, но и тренерска измена имаше во клубот од Гевгелија, па тоа со себе носи и голем број на непознати, поголем дел за новиот предводник од клупата, Перо Блажевски.

Вечерва, на програмата е уште еден натревар, заостанат, од 13. коло. Во Кавадарци, од 18.часот, Еуро Никел 2005 ќе го пречека скопски ТФТ во обид да го поправи впечатокот оставен во претходната рунда на гостувањето во СЦ „Јане Сандански“, на кое беа поразени од МЗТ Скопје Аеродром.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 15. КОЛО

ДЕНЕСКА:

18.00: Кожув - Пелистер

Сала „26. Април“ – Гевгелија

https://youtu.be/AW0CjG-u0m0

6. ФЕВРУАРИ (НЕДЕЛА):

17.00: МЗТ Скопје Уни Банка – ТФТ

Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ - Скопје

8. ФЕВРУАРИ (ВТОРНИК):

18.00: Еуро Никел 2005 – Навико Академија ФМП

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

15.ФЕВРУАРИ (ВТОРНИК):

19.00: Работнички – Гостивар

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

24. ФЕВРУАРИ (ЧЕТВРТОК):

18.00: Ангели – Феникс 2010

Сала „Независна Македонија“ - Скопје

Куманово – МЗТ Скопје Аеродром   65:70

ЗАОСТАНАТ НАТПРЕВАР – 13. КОЛО

ДЕНЕСКА:

18.00: Еуро Никел 2005 – ТФТ

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

https://youtu.be/c5IPn9KpQvQ