27.02.2021

​​​​​​​Продолжуваат убавите моенти во Куманово. Со сјајна последна четвртина ја поништија добрата игра на гостиварци (81:73)

15. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Кумановска фурија го прекина низот на Гостивар

Паузата не им посмета ништо на кошаркарите на Куманово. Веројатно им беше потребна една четвртина за да се „вратат во нормала“. Уште еднаш да го стигнат убедливото водство на Гостивар. А во оние други две да покажат дек воовој момент може играат и најдобро во оваа сезона.

Куманово 2009 – Гостивар        81:73

Одличен старт имаа гостите до Гостивар. По нецели шест минути веќе имаа голема предност од (18:5). Одлично шутираа избраниците на тренерот Марјан Србиновски. Погодија шест тројки од седум обиди.

Погодија четворица од стартерите на Гостивар од зад линијата 6.75 метри. Димчевски три пати – без грешка. За двојно големи (26:13) по само 8:30 минути од играта. Втора тројка погоди и Фрајдеј, седма (од осум обиди) за гостинската екипа која, очекувано, имаше високи (29:16) по првиот период.

Но се беше поинаку од почетокот на втората четвртина. Куманово најави враќање, и тоа какво. Со серија од (9-0), домаќините се доближија на (25:29) во само минута и половина од почетокот на вториот период. Ниту тајм-аутот на Србиновски не донесе промена. Серијата на кумановци продолжи до бројот 13, за нерешен резултат (29:29).

За комплетен „рестарт“ на дербито на 15.коло.

Црниот период за Гостивар го прекина Фрајдеј, а го продолжија Тасовски и Тодоровиќ. По новата тројка на Фрајдеј, вратено беше голем дел од водството од првата четвртина, (37:29).

Сепак, кумановци знаеја да се вратат уште еднаш. Со контра-серија од осум поени без примен кош, за нов нерешен скор (37:37), пред завршните 90.секунди во полувремето исполнето со доста осцилации на двете страни од теренот. До полувремето, кумановци дури и го превземаа водството. Андрејевиќ заби за (39:37), а таа четвртина им припадна на домашните кошаркари со резултат (23:8).

Многу помирна беше третата четвртина. Без нови резултатски „отскокнувања“ какви ги имаше во првото полувреме. Играчите на двете екипи како да се заморија од лудиот ритам во првите 20.минути, По пет минути од вториот дел беше нерешено (47:47). Гостивар повторно беше екипата која се „одлепи“, но овојпат „само“ на (55:49), во 26.минута. На крајот на 30.минута, гостите имаа плус 4, (64:60) кога Костоски погоди уште една тројка, вкупно 14. кај гостите.

А потоа, нова серија, сега од (11-0) на Куманово, за ново враќање на предноста (71:64) на домашната страна.

Фуриозно играа кумановци кој истата ја продолшија до (17-0), поведоа со (77:64) и го скршија и оној малку морал кој остана кај гостиварци по тој катастрофален влез во чевртината на одлука.

Требаше да поминат скоро седум минути да дојдат до кошот на противникот. Кога веќе беше доцна за нов пресврт на овој особено интересен натпревар.

Блескаше уште еднаш „малиот“ Ливингстон, стрелец на 25.поени, Андрејевиќ имаше 15. а Марковски уште 13. кај Куманово 2009 за кого ова е седма првенствена победа. 

На другата страна, на гостиварци малку им беа и оние 14. реализирани тројки. Фрајдеј даде 26.поени, Костоски имаше 14, Димитриески 13, а Тодоровиќ ушре 10. Недостасуваа поените од Вокер, кој не го одигра овој натпревар во кој Гостивар го запиша четвртиот пораз во сезоната.