Кошаркарите на Пелистер ја запишаа и 14. по ред победа во Првата лига-мажи.
Кожув – Пелистер 67:79
Во овој момент екипата на Кожув не е достоен противник за лидерот во прволигашката табела. Едноставно, битолчани се покажаа како пресилен противник за екипата од Гевгелија.
Доминираа „зелено-беите“ практично од првата минута. И како поминуваа секундите, така растеше и нивната предност на дуелот во салата „26.април“ во Гевгелија.
Го најавија тоа гостите уште во првито период, во кој веќе остварија двоцифрено водство од (27:15). А по релативно израмнетиот втор период, во кој сепка ја покачија позитивата на (47:30), „пресудата“ стигна по големата пауза. Заиграа уште подобро момците на тренерот Марјан Илиевски, доволно за недостижен плус 30 (70:40).
И доволно за Илиевски на теренот да ја испрати својата условно кажано резервна петорка, која се чини и го расипа „впечатокот“ во неговата анализа. Доволна за гевгеличани да „симнат“ поголме дел од негативата и поразот да го сведат на макар пристоен.
Игор Кесар со 20. реализации беше прво поентерско име кај Пелистер, Малешевиќ го следеше со 16, а Младеновиќ (како стартер) со 15.
Во домашната екипа, на крајот, Колев беше стрелец на 20 , а Штерјов на 17.поени.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 15. КОЛО
Кожув – Пелистер 67:79
6. ФЕВРУАРИ (НЕДЕЛА):
17.00: МЗТ Скопје Уни Банка – ТФТ
Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ - Скопје
8. ФЕВРУАРИ (ВТОРНИК):
18.00: Еуро Никел 2005 – Навико Академија ФМП
Сала „Јасмин“ – Кавадарци
15.ФЕВРУАРИ (ВТОРНИК):
19.00: Работнички – Гостивар
Сала СРЦ „Кале“ – Скопје
24. ФЕВРУАРИ (ЧЕТВРТОК):
18.00: Ангели – Феникс 2010
Сала „Независна Македонија“ - Скопје
Куманово – МЗТ Скопје Аеродром 65:70
ЗАОСТАНАТ НАТПРЕВАР – 13. КОЛО
Еуро Никел 2005 – ТФТ (во тек)