27.02.2021

Еуро Никел 2005 имаше и шут за победа, но не направи целосен пресврт во дуелот со засилениот тим од „Градски парк“ (83:84)

15. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Работнички имаше плус 19 по првата четвртина, ама спасуваше победа во Кавадарци

Еуро Никел 2005 имаше и шут за победа, но не направи целосен пресврт во дуелот со засилениот тим од „Градски парк“

Еуро Никел 2005 – Работнички           83:84

По пет минути од играта, Работнички веќе имаше двоцифрена позитива. „Црвено-белите“ поведоа со (16:5). Кирил Николовски беше скоро непогрешлив. Против својот некогашен клуб испорача дури четири тројки, од исто толку обиди, а гостите од Скопје „побегнаа“ и на (21:6).

Беспрекорната игра во нападот го донесе Работнички на неверојатни, но вистинити (30:11) по само десет минути игра. Николовски погоди четири, Балмазовиќ уште два пати (без промашување) зад линијата за три поени.

Во втората четвртина кавадарчани дадоа 11.поени  во само нешто повеќе од три минути. Заиграа многу поефикасно во нападот, што беше нивниот голем проблем во уводната.

Но високиот процент на реализација, особено за три поени (8/10) ги држеше гостинските кошаркари на двоцифрен плус (42:29) колку што имаа во 16.минута.

Одлични први минути имаше новиот играч на Еуро Никел 2005, Џексон Дубински кој нанижа 10.поени, колку што беше и симната негативата (32:42) на нецели три минути пред истекот на полувремето. Не се променија некои работи во тој краток временски период. Работнички стигна до бројката од 50.поени. Примија 11.помалку, за двоцифрена предност по 20.минути од дуелот во „Јасмин“ (50:39).

Ако Николовски застана на 12.поени, во продолжението од играта, поентерски „се отвори“ новото засилување, Филип Бундовиќ, кој даде 14.поени.  

Но како одминуваа минутите, така полека паѓаше играта на гостинската а се „подигнуваше“ напаѓачкиот момент кај домаќините, кои третиот дел го искористија максимално. Со серија од (8-0), да му се одближат на ривалот на достижни (58:60) во осум минути од играњето во тој период од мечот, кој заврши со идентичен скор, Работнички маше само плус 2, (62:60).  

Гостите го одбија тој напад. Со поените на Бундовиќ (негов 25.поен), на средина на последниот дел водеа со (74:67). Но финишот беше крајно драматичен, макр и со среќен крја за Работнички.

На 12.секунди пред крајот, новакот кај Еуро Никел 2005, Џексон Дубински ги реализира двете слободни фрлања со кои намали на (83:84). Веднаш беше фаулиран Питс. Американецот во гостинскиот тим ги утна двата „пенали“ им им остави шанса на кавадарчани да победат. Но Дубински не го пронајде патот до кошот на противникот кој на тој начин стигна до минимална победа.