Иако по три четвртини имаше водство против ривалот ТФТ Скопје, МЗТ Скопје Уни Банка не успеа да ја запише третата победа во 15. одиграни кола во Првата лига-мажи, откако на крајот фаворитот сепак триумфираше со двоцифрен плус, по кој има просек на успешност од над 50% (скор 8-7).
МЗТ Скопје Уни Банка – ТФТ 66:79
Одлично одиграа првото полувреме, кошакаеите кои од клупата ги предводи Борис Нешови. Го добија со (41:39), макар што гостите од Тафталиџе имаа водство од (36:31) на три минути пред паузата.
Но со сњријата во која учествуваа Митевски, Исајловски и Петровски обезбедија предност од два поени.
ТФТ никако не успеваше да најде решенија за играта на младиот состав од Аеродром, не го крши отпорот на МЗТ Скопје Уни Банка ниту во третата четвртина од средбата, иако водеше и со седум поени. Во во еден момент со (55:48), зашто домаќините со одлична серија, налик на онаа о втората четвртина, водеа и по периодот број 3, со (56:55).
МЗТ Скопје Уни Банка се држеше уште две минути во последната четвртина, но потоа го загуби здивот. Тоа го искористи ТФТ кој постојано го зголемуваше водството за да стигне до славје, на крајот дури и убедливо.
Амир Смит беше најдобар во екипата на ТФТ. Имаше силното крило дабл-дабл од 21. поен и 15. скокови, а го следеше неговиот сонародник Ландриус Хортон со 19 поени и седум скока.
Најдобар во екипата на МЗТ Скопје Уни Банка беше Самет Јигитоглу со 17 поени и девет скока.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 15. КОЛО
Кожув – Пелистер 67:79
Куманово – МЗТ Скопје Аеродром 65:70
МЗТ Скопје Уни Банка – ТФТ 66:79
8. ФЕВРУАРИ (ВТОРНИК):
18.00: Еуро Никел 2005 – Навико Академија ФМП
Сала „Јасмин“ – Кавадарци
15.ФЕВРУАРИ (ВТОРНИК):
19.00: Работнички – Гостивар
Сала СРЦ „Кале“ – Скопје
24. ФЕВРУАРИ (ЧЕТВРТОК):
18.00: Ангели – Феникс 2010
Сала „Независна Македонија“ - Скопје
ЗАОСТАНАТ НАТПРЕВАР – 13. КОЛО
Еуро Никел 2005 – ТФТ 77:71