Двете екипи ја искористија предноста на домашниот терен. Куманово го совлада Кожув (79:67), а Пелистер тешко го скрши отпорот на Вардар (96:81 ).
Кошаркарите на Куманово стигнаа до мошне важна победа во обидите да ја задржат позицијата број 6, или последната која води во следната фаза, односно во битката за плеј-офот.
По израмнетите три четвртини, пресуди онаа последната во која кумановци ја решија во своја корист со двоцифрен плус.
Куманово 2009 – Кожув 79:67
(24-20; 17-17; 13-13; 25:17)
Одлична прва четвртина имаше младиот Стојановски, реализираше половина од поените на домашаната екипа – 12. По негова заслуга беше и предноста на „сино-белите“ на отворањето на овој меч, и тоа како значаен за кумановци.
Имаа и плус од 11 поени (21:10) во седмата минута, но гостите од гевгелија најдоа сили да се вратат назад во мечот.
До истекот на првата четвртина таа негатива ја преполовија на (20:24), а во текот на вториот период дојдоа блиску до израмнување (35:37) како што беше во 17.минута. Но до одморот не успеаја и комплетно да стигнат до егал-скор.
По 20.минути игра. Куманово водеше со (41:37). А Теодор Атанасов стана вториот играч во домашаната екипа со двоен број на поени – 11.
На другата страна од теренот, каде повторно недостасуваа Трајковски и Пајиќ, еден помалку имаше Пејн.
Во третата четвртина Куманово се одвои на двоцифрени (50:40) и (52:42). Но само за кратко, затоа што Кожув брзо се врати на (47:52). Слично беше и на истекот на тој период од играта (54:50) за Куманово.
Екипата која издоминира во оној последниот, во кој стигна на чекор до планираната цел – Суперлига.
Комплетна стастистика од мечот, ТУКА.
Пелистер – Вардар 96:81
(18-30; 24-22; 26-14; 28-15)
Малку кој од публиката коај што дојде вечерва во салата „Боро Чурлевски“ во Битола очекуваше дека кошаркарите на Вардар ќе реализираат 30.поени и ќе имаат двоцифрено водство против нивниот омилен тим-Пелистер.
Но младите вардарови кошаркари ги изненадија и се стекнаа со предност од 12.поени (30:18).
Гостите од Скопје успешно ја чуваа и во текот на втората четвртина. Двоецот Невеш-Прувел го затрпа противничкиот кош. Реализираа 30.поени. Со помош на Радош и Темелковски (комбинирано 14.поени) ја чуваа високата позитива.
Пелистер стигна до едноцифрен минус во 18.минута,(38:47). Потоа, со помош на репрезентативецот Мекиќ (11.поени),и на уште пониски (40:47).
Но слабата игра во дефанзивата на Пелистер, уште еднаш ја казни Прувел, кој донесе нова двоцифрена предност за Вардар. Сега од десет поени (52:42), како што беше на полувремето.
Комплетна статистика од мечот, ТУКА.
Серијата од (15-3) која ја направија во третиот период, конечно, им донесе водство на „зелено-белите“. По 25.минути поведоа со (57:55). Вардар не се предаде, напротив... Во последната минута од тој дел, го вратија водството. Но Мекиќ, со четири слободни фрлања (за 20.поени) ја врати предноста на страната на Пелистер (68:66).
Во последната четвртина Вардар остана без енергијата која ја имаше во првото полувреме. Битолчани уфрлија двојно повеќже поени од нив. Поведоа со (86:75), по што „црвено-црните“ останаа без вистински одговор. Па така Пелистер ги задржа суперлигашките шанси во оние преостанати три кола од регуларниот дел од шампионатот.
Утре се играат преостанатите два натпревари од ова 15.коло.
Од 17.часот, во салата „Независна Македонија“, Академија ФМП го пречекува првакот МЗТ Скопје Аеродром, додека еден час подоцна, од 18.часот, Работнички ќе игра во „Градски парк“ против Еуро Никел 2005.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 15.КОЛО
САБОТА:
Пелистер – Вардар 96:81
Куманово 2009 – Кожув 79:67
НЕДЕЛА:
17.00: Академија ФМП – МЗТ Скопје Аеродром
Сала „Независна Македонија“ - Скопје
18.00: Работнички – Еуро Никел 2005
Сала „Градски парк“- Скопје
ПОРАНО ОДИГРАНО:
Гостивар – МЗТ Скопје Уни Банка 89:69