22.03.2021

Чаир 2030 го доби дуелот во Охрид, и ја зголеми разликата пред конкурентите

15. КОЛО ОД ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Чаирчани со потврда на бројот 1 на Западот

На три кола пред крајот на регуларниот дел од натпреварите во Втората лига, скоро сигурно, екипата на Чаир 2030 ќе заврши како првопласирана во групата Запад.

Ова откако чаирчани го добија дерби дуелот во западната конференција, на гостувањето во Охрид славеа со резултат (64:61). За 13.победа во 14. одиграни натпревари, со која избраниците на тренерот Ерхан Рамадан му побегнаа на еден од конкурентите со недостижни четири победи плус.

За и дефинитивно се изборат за најдобрата стартна позиција ќе им треба барем уште една победа, или пак пораз(и) на некои од конкурентите, како што се Хераклеа (9-4) и Водно Санс (9-4), кои треба да одиграат по два заостанати натпревари.

Екипата на Тетекс ТТК ги сочува шансите за место во првата „четворка“ која ќе разигрува за пласман во Првата лига откако на гостински терен ја победи Спарта (63:57), а очекувано, Пелистер Медика Карта беше подобар од „фенерџијата“ Спорт Тим (90:74).

На Истокот, Феникс 2010 без особени проблеми славеше на гостувањето кај Ролинг 08 со резултат (84:54).

Па сега, со натпревар повеќе и скор (13-2), ја презема првата позиција на табелата во оваа група, во која на 24. март ќе играат Про Баскет и Ангели. Одложени беа средбите: МКК Куманово–Баскет КАМ и Шкупи-Струмица.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 15.КОЛО

ИСТОК 

Ролинг 08 – Феникс 2010   54:84

Борец Баскет - Куманово 2         92:50

МКК Куманово – Баскет КАМ   одл.

Шкупи – Струмица   одл.

Про Баскет – Ангели   одл.

ТАБЕЛА: Феникс 2010 28, Ангели 26 (-1), Шкупи 23 (-2), Борец Баскет 23 (-1), Баскет КАМ 21 (-2), МКК Куманово 19 (-1), Струмица 17 (-3), Куманово-2 17, Ролинг-08 16, Про Баскет 15 (-2);

ИДНО КОЛО (27.03)

Феникс 2010 – Борец Баскет

Куманово 2 – Про Баскет

Ангели – Шкупи

Струмица  МКК Куманово

Баскет КАМ – Ролинг 08

ЗАПАД

Пелистер Медика Карта – Спорт Тим 90:74

ГКК Охрид – Чаир2030       61:64

Спарта – Тетекс ТТК   57:63

Хераклеа – Партизан Водно Санс        одл.

Риниа – Мега Баскет одл.

ТАБЕЛА: Чаир 2030 27 (-1), ГКК Охрид 25, Тетекс ТТК 25, Пелистер Медика карта 23, Партизан Водно Санс 22 (-2), Хераклеа 22 (-2), Спарта 18, Мега Баскет 18 (-1), Риниа 17 (-2), Спорт Тим 16;

ИДНО КОЛО (27.03)

Спорт Тим – Риниа

Мега Баскет – Хераклеа

Партизан Водно Санс – Спарта

Тетекс ТТК – ГКК Охрид

Чаир 2030 – Пелистер Медика Карта