Денеска ќе се одиграат преостататите две средби, и двете се во Скопје, под „Кале“, и во СЦ „Јане Сандански“.
Тоа се уште два натпревари од оваа рунда во која во планиранито термин нема да се игра единствено средбата ТФТ- МЗТ Скопје Аеродром, по барањето на екипата од Аеродром истиот да биде одложен поради нивниот настап на претстојниот трет „балон“ од АБА 2 лигата кој ќе се игра во Сараево.
16.30: МЗТ Скопје Уни Банка – Пелистер
Во првата ќе се сретнат топ-фаворитот за првото место во првиот дел, екипата на Пелистер и најмладата во прволигашката конкуренција – МЗТ Скопје Уни Банка.
Битолчани доаѓаат во Скопје како апсолутни фаворити. Имаат најдобар скор во лигата, пред паузата реализираа 10.победи и 2.порази.
Од друга страна вториот тим на клубот од Аеродром засега има две победи и девет порази. Но сигурно ќе има што да (по) каже и на овој меч.
17.00: Вардар – Кожув
Дуел на две екипи кои во досегашниот дел од сезоната одиграа по 11.натпревари. Односно три помалку од планираните 14.
Далеку подобар е ефектот на екипата од Гевгелија, која врза неколку победи и дојде до бројка од пет победи. „Вардарци“ засега имаат само две, но и серија на здравствени проблеми предизвикани од коронавирусот.
Освен тоа, зад нив е и една подолга пауза без одигран натпревар, што носи нова неизвесност и во овој меч кој ќе се игра во малата сала на СРЦ „Кале“ во која домаќин е екипата на Вардар.
ПРВА ЛИГА – МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 15. КОЛО
НЕДЕЛА:
16.30: МЗТ Скопје Уни Банка – Пелистер
Мала сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје
17.00: Вардар – Кожув
Сала на КК „Вардар“ – Скопје
ПРЕТХОДНО ОДИГРАНИ НАТПРЕВАРИ
Куманово 2009 – Гостивар 81:73
Академија ФМП – Црн Дрим Грин мобиле 74:68
Еуро Никел 2005 – Работнички 83:84
ОДЛОЖЕН НАТПРЕВАР:
ТФТ – МЗТ Скопје Аеродром