09.03.2020

15.КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ПРВА ЛИГА: Се повеќе кандидати за место во плеј-офот

Освен сигурните, Бадел 1862 и Вардар, во игра за доигрувањето за шампионската титула се и екипите на Баскет КАМ, Струга 2005, па и МЗТ Скопје Аеродром...

 

И Бадел 1862 и Вардар ги оправдаа фаворитските улоги во 15.коло од Првата женска лига. Успешни игри забележаа и следбениците на табелата, екипите на Баскет КАМ, Струга 2009, и МЗТ Скопје.

„Баделки“ без проблеми, дури и со „вториот тим“, стигнаа до убедлива победа против екипата на Трокал (69:38).

„Вардарки“ пак беа успешни на гостувањето кај Пробаскет Академија, победија со (53:30).

Најинтересниот дуел требаше да биде оној помеѓу екипите на КАМ баскет и на Крива Паланка. Но на крајот убедлива победа однесоа младите кошаркарки од Македонска Каменица, (77:57).

Струга 2009 помина лесно во Делчево, го победи Патриот 2016 со позитива од 60.поени (82:22), додека МЗТ Скопје Аеродром беше многу подобар противник од Шкупи (80:34).

Победа, шеста за нив во оваа сезона, остварија и кошаркарките на Гостивар 2009 во мечот против аутсајдерот Пантери со (60:35).  

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 15. КОЛО

Бадел 1862 - Трокал        69:38

Гостивар 2009 – Пантери           60:35

Патриот 2016 – Струга 2009     22:82

МЗТ Скопје Аеродром – Шкупи          80:34

Пробаскет Академија – Вардар          30:53

Баскет КАМ – Крива Паланка  77:57

ТАБЕЛА: Бадел 1862 29, Вардар 29, Баскет КАМ 27, Струга 2009 27, МЗТ Скопје Аеродром 24, Крива Паланка 23, Пробаскет Академија 22, Гостивар 2009 21, Трокал 18, Шкупи 17, Пантери 17, Патриот 2016 16;

ИДНО КОЛО (14.03)

Вардар – Баскет КАМ

Трокал – Патриот 2016

Струга 2009 – Пробаскет Академија

Крива Паланка – МЗТ Скопје Аеродром

Шкупи – Гостивар 2009

Пантери – Бадел 1862