12.02.2022

Гостивар пресилен „залак“ за забревтаните Ангели...

16. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Куманово парираше само едно полувреме против Академија ФМП, ТФТ сигурно против Работнички

Кошаркарите на Навико Академија ФМП стигнаа до уште една победа коај ги остава во горниот дел од табелата во прволигашкото друштво.

НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – КУМАНОВО 2009    84:68

Двете екипи го одиграа најнеизвесниот дуел од ова 16. коло. Во салата „Независна Македонија“ кумановци беа подобри во првото повреме кое го добија со минимални (41:40).

Но работите се променија, и тоа во целост, со почетокот на вторите 20.минути. Оние во кои доминираа „лавовите“ од Кисела Вода. Во третиот период направија убавата предност. Поведоа со (67:59), а добрата игра ја продолжија и во последниот, кога го сопреа во целост отпорот на противничката екипа. Доволно за да дојдат до победата број 10 во првенството, а во која блескаа Лука Стојановски со 26, и Ајви со 23. поени, а несебична логистика добија од Тодоровски со 11, односно Филип Стојановски со 10.поени.  

Кај Куманово 2009, Зивчевиќ уфрли 23. поени, а Мексвејн имаше уште 12.

ТФТ – РАБОТНИЧКИ 103:72

Би се рекло реален резултат.

Соседското дерби заврши со очекуван триумф на ТФТ. Екипата која максимално го искористи актуелниот момент со кој се соочува најтрофејниот македонски кошаркарски колектив.

Добар дел од задачите кошаркарите во „црно-бела“ комбинација ги реализираа во првата четвртина. Десет минути во кои стигнаа до убедливо водство (28:15). Доволно за да ги опушти во продолжението од играта избраниците на тренерот Боро Смилковски. Ослабениот состав на „црвено-белите“ дури и го доби вториот период од играта.

На полувремето беше плус 10, (48:38).

Но во продолжението, работите, бо се рекло, си дојдоа на своето место. ТФТ реализираше дури 31, прими само 18. поени. Доволно екипата од Тафталиџе да ја потврди победата. Да поведе со (79:56), недостижно за Работнички екипа за која дебитираше Волкановски, а во која Какруки даде 22, а Марковски и Златевски по 14. поени.

Кај ТФТ, Хортон запиша 23, Мајкл 19, Смит 15, Бишоп имаше 13, а Ташовски 12.поени.

ГОСТИВАР – АНГЕЛИ       106:60

Екипата на Гостивар стави крај на радосните моменти кај новакот во друштвото на најдобрите - Ангели. Се покажаа гостиварци како пресилен противник за тимот од Драчево. Го најавија тоа уште во воведните моменти од играта во салата „Младост“. На крајот на првата четвртина, влегоа во позитива од (25:12), до крајот на полувремето, разликата беше уште поголема.

На полувремето, Гостивар имаше високи, убедливи и недостижни (52:23).  

Но тоа како да не ги задоволи апетитите на домашната екипа, која притисна уште повеќе. И во продолжението, за десет минути реализираше дури 36.поени во кои само го потврдија десеттиот триумф во15. Одиграни натпревари.

Никола Силаџи со 20. реализирани поени бепе прв стрелец во победничката екипа. Но Гостивар имаше четири од петте стартери со двоен број на поени. Премногу за Ангели во чии редови, поентерски се одвои двоецот Раме-Деолски, кој искомбинираа 44.поени од крајните 60.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 16. КОЛО

Навико Академија ФМП – Куманово 2009 84:68

ТФТ – Работнички 103:72

Гостивар – Ангели            106:60

20.00: Феникс 2010 – Кожув во тек

14. ФЕВРУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК)

18.00: МЗТ Скопје Аеродром – МЗТ Скопје Уни Банка

Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/h43he4uMECA

15. ФЕВРУАРИ (ВТОРНИК)

18.30: Пелистер – Еуро Никел 2005

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

https://youtu.be/fPK0J8wFdvw