12.02.2022

Новакот во друштвото на најдобрите беше повеќе од убедлив против гевгеличани (92:58)

16. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Паузата не е пречка за Феникс 2010, лесно против Кожув

По подолга пауза, кошаркарите на Феникс 2010 повторно излего ана прволигашка сцена, а тоа не им посмета да стигнат до уште еден првенствен успех. Да бидат подобри од гевгелиски Кожув.

ФЕНИКС 2010 – КОЖУВ  92:58

Силовито стартуваше новакот во прволигашката конкуренција во овој натпревар. Од самиот почеток, избраниците на тренерот Денис Дервишевиќ му ставија на знаење на својот противник дека практично нема што да бараат во овие 40.минути.

По првите десет Феникс 2010 веќе беше далеку од Кожув. Поведе со повеќе од убедлив (29:8). Момент кој и го одреди понатамошниот тек на натпреварот во малата сала на СЦ „Јане Сандански“.

До полувремето кое го решија во своја корист, дури деветмина домашни кошаркари влегоа во официјалниот протокол на натпреварот.

Ова беше и осмата победа во 14. одиграни натпревари за дебитантот во друштвото на најдобрите, Кожув останува на оние пет, по што станува се појасно дека ќе биде учесник во плеј-аут конкуренцијата.

Морган ја предводи листата на играчи со двоцифрен број на поени. Даде 15, по еден помалку имаа Митревски и Трајковски, додека Кларк заврши со 11. реализации. Во лошото издание на Кожув, Главчев постигна 14.поени а Штерјов имаше 10.  

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 16. КОЛО

Навико Академија ФМП – Куманово 2009 84:68

ТФТ – Работнички 103:72

Гостивар – Ангели            106:60

Феникс 2010 – Кожув 92:58

14. ФЕВРУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК)

18.00: МЗТ Скопје Аеродром – МЗТ Скопје Уни Банка

Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/h43he4uMECA

15. ФЕВРУАРИ (ВТОРНИК)

18.30: Пелистер – Еуро Никел 2005

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

https://youtu.be/fPK0J8wFdvw