14.02.2022

„Младите „металци“ беа во игра за позитивен резултат се до последните минути, на крајот, триумф за „постарите“ (92:84)

16. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Потешко од предвиеното МЗТ Скопје Аеродром ја победи својата „филијала“

Иако во скоро три период имаа водство, иако беа во негатива од само еден поен, младите кошаркари на МЗТ Скопје Уни Банка не направија изненадувачки резултат.

Изненадувачки добрата игра, и тоа во најголем дел од натшреварот, не им беше доволна да го победат „постариот брат“...

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА     92:84

Неверојатен тек имаше „братскиот дуел“ помеѓу екипите на МЗТ Скопје Аертодтом и МЗТ Скопје Уни Банка.

Или подобро кажано, неочекуван, ако се земе в предвид движењето на резултатот. Посебно тоа се однесува за нецели три четвртини. Од нив дури две му пропаднаа на „помладиот брат“. „Гостите“ има подобар почеток, одлични десет минути во кои навистина го изненадија фаворитот. Младите „металци“ имаа неочекувано високо водство од (23:13).

„Постарите“ заиграа многу подобро во втората четвртина во која некако, иако ослабени со неиграњето на братскиот двоец, Дамјан и Војдан Стојановски, на полувреме да имаат само еден поен негатива (42:43).

Слично се одвиваа настаните во СЦ „Јане Сандански“ и по паузата од 15. минути. Уште еднаш МЗТ Скопје Уни Банка изгради солидно водство, сега и од (55:48), како што стоеше на семафорот во 24.минута.

Пресвртот, во резултатот, не и во играта, се случи пред истекот на третиот период, кога МЗТ Скопје Аеродром со серија од десет поени, поведе со (70:63). Четворица кошаркари веќе имаа десет или повеќе реализации.

Робев и Рикиќ по 14, Мекиќ 13, а Милошевиќ уште 11. поени.

Кога веќе преминаа во некое солидно водство, постарите „металци“ сакаа да не го загубат. Но крајот не беше тука, затоа што поентирањето на Исајлоски, гостинската екипа се доближи на само еден поен (82:83),  кога останаа да се доиграат 3:26 минути. Но немаа сили за уште една промена на водството, па оттука МЗТ Скопје Аеродром ја запиша и 13. победа во досега 16.одиграните натпревари, доволно за второ место, и три чекори зад лидерот – Пелистер.