Во последниот меч од 16. коло, лидерот на прволигашката табела, евидентно заморен од напорите кои ги имаше на АБА 2 турнирот во Бања Лука, го поништи првото, не баш идеално полувреме. Одиграа одлични 20 минути во второто „зелено-белите“, доволно за уште еден триумф во домашниот шампионат, 15. по ред...
ПЕЛИСТЕР – ЕУРО НИКЕЛ 2005 93:84
Многу подобро го отворија овој натпревар, последен од 16. првенствена рунда кошаркарите од Кавадарци. Беа расположени во нападот, буквално од првата минута на играта. Во првите десет минути Еуро Никел 2005 реализираше дури 32. поени. И се стекна со сосема солидна предност од (32:24).
Тоа двоцифрено водство кавадарчани успешно го бранеа и во вториот период од играта, во кој за нијанса послабо се играше во нападот. Битолчани се спуштија на едноцифрен минус во 18. минута, кога намалија на (42:51).
Со шест поени во серија се доближија до уште пониски (44:51), како што беше резултатот на полувремето во кое Малешевиќ уфрли 12, а Хаутон уште 10. поени во домашната екипа.
Во гостинската, во првото полувреме, Калахан имаше 11, а Ѓекиќ како резервист – 10 поени.
Во она второто, без особени промени, како во играта, така и во резултатот. Гостите од Кавадарци упорно ја бранеа предноста стечена во првите 20.поени. Во 28.минута одново имаа двоцифрено водство, од десет поени (71:61). Но со мини серија од шест поени во нецели две минути, „пелистерци“ уште еднаш се доближија, сега до (67:71) по три одиграни периоди.
Имаа кавадарчани уште двајца поентерски разиграни играчи како Димчевски и Николовски кои во тој дел од играта им се придружија на Калахан и Ѓекиќ.

Пресвртот дојде во првите минути од последната четвртина. Со серија од (14-4), конечно непобедливата екипа во Првата лига дојде на своето. Поведе со (81:75), а потроши нешто повеќе од четири минути од оние планирани десет.
Тешко поентираа гостите во тој дел од играта. Имаа само четири реализации за нецели шест минути. Доволно за Пелистер да ја покачи предноста и на (83:75), која се покажа како недостижна за Еуро Никел 2005.