07.03.2022

Приклучок со високите позиции држи и Баскет Кам...

16. КОЛО ОД ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Чаирчани го „препливаа“ Црн Дрим, Борец Баскет посилен од Струмица

ФОТО: кошаркарите на Борец Баскет остварија важна победа против Струмица

И после 16 одиграни кола нема некои посериозни промени во изгледот на второлигашката табела. Најсериозниот кандидат за место во елитата, екипата на Чаир 2030 „прегрме“ уште едно нималку лесно гостување. Она во Струга, кај Црн Дрим, кое го решија во своја корист (91:80), за 15. победа во сезоната и чекор поблиску во реализација на планираното.

Битката за позицијата број 2 вечерва ќе ја продолжат екипите на Соколи 1933 и на Вардар во дерби дуелот кој стартува од 19.часот во салата „Јордан Мијалков“ во Штип.

Поблиску до горниот дел од табелата се кошаркарите на Борец Баскет, кои на свој терен, во Велес извојуваа победа против екипата на Струмица (76:66).

Истото се однесува и за екипата на Баскет кам, која пред своите гледачи во Македонска Каменица убедливо ја порази последнопласираната Хераклеа (91:58).

Важна победа за избегнување на последните позици на табелата, остварија и кошакарите на Тетекс ТТК, против ГКК Охрид (78:69), а на гостински терен победи и Шкупи против Партизан Водно Санс (77:72).

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 16. КОЛО

Баскет Кам – Хераклеа   91:58

Партизан Водно Санс – Шкупи            72:77

Црн Дрим – Чаир 2030   80:91

Тетекс ТТК – ГКК Охрид  78:69

Борец Баскет – Струмица          76:66

07.03: Соколи 1933 – Вардар

ТАБЕЛА: Чаир 2003 31, Баскет КАМ 26, Вардар 26 (-1), Соколи 1933 26 (-1), Борец Баскет 25, Шкупи 24, Струмица 23, ГКК Охрид 22, Партизан Водно Санс 22, Црн Дрим 21, Тетекс ТТК 21, Хераклеа 18;  

ИДНО КОЛО (12.03)

Шкупи – Соколи 1933

Тетекс ТТК – Борец Баскет

Хераклеа – Партизан Водно Санс

Чаир 2030 – Баскет Кам

Вардар – Струмица

ГКК Охрид – Црн Дрим