29.03.2021

Чаир 2030 го потврди лидерското место на Западот, со победа над Пелистер Медика карта

16. КОЛО ОД ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Феникс 2010 го освои Велес, многу блиску до првата позиција на Истокот

Кошаркарите на Феникс 2010 ја извојуваа најважната победа од натпреврите кои ги донесе 16. коло во двете второлигашки групи.

Избраниците на тренерот Денис Дервишевиќ стигнаа до трумф на нималку лесното гостување во Велес, каде беа подобри од Борец басект (66:62). Па на две кола пред крајот, сега имаат победа повеќе во однос на Ангели, кои во ова коло не го одиграа мечот со екипата на Шкупи.

Пробив на третото место в овој момент, делумно и поради неодиграниот меч Ангели-Шкупи, направи екипата на Баскет КАМ со убедливиот триумф над Ролинг 08 од (91:57), и поразот на велешани кои се во конкуренција за првите четири позиции на Истокот.  

Приклучок кон оваа група одржи Струмица која беше подобра од МКК Куманово (69:56), Но пред струмичани се дури три неодиграни средби кои мора да ги добијат ако планираат пласман во првата „четворка“.  

Многу појасна е ситуацијата, барем за првото мето во групата „Запад“. Екипата на Чаир 2030 дојде до уште една победа, и тоа на гостински терен во Битола, против екипата на Пелистер Медика карта (90:85), за скор (15-1) недостижен за конкуренцијата.

Голем чекор кој доигрувањето направи екипата на Тетекс ТТК која го победи ГКК Охрид (73:68), за ефект (11-5) и второ место на табелата.

Пет порази, и натпревар помалку, има Хераклеа која во ова коло беше убедлива на гости во Прилеп кај Мега Баскет (101:75).

Во добра ситуација е и Партизан Водно Санс, екипа која во 14. кола има 10 победи и 4. порази, па особено битни ќе им бидат оние два заостанати натпревари.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 16.КОЛО

ИСТОК 

Борец Баскет - Феникс 2010       62:66

Куманово 2 – Про Баскет   91:73

Ангели – Шкупи          одл.

Струмица  МКК Куманово  69:56

Баскет КАМ – Ролинг 08     91:57

ТАБЕЛА: Феникс 2010 30, Ангели 28 (-1), Баскет КАМ 25 (-1), Борец Баскет 24 (-1), Шкупи 23 (-2), МКК Куманово 23, Струмица 19 (-3), Куманово-2 19, Про Баскет 17 (-1), Ролинг-08 17;

ИДНО КОЛО (03.04)

Баскет КАМ – Феникс 2010

Ролинг 08 – Струмица

МКК Куманово – Ангели

Шкупи – Куманово 2

Про Баскет – Борец Баскет

ЗАПАД

Спорт Тим – Риниа     90:88

Мега Баскет – Хераклеа     75:101

Партизан Водно Санс – Спарта   98:77

Тетекс ТТК – ГКК Охрид      73:68

Чаир 2030 – Пелистер Медика Карта 85:90

ТАБЕЛА: Чаир 2030 31, Тетекс ТТК 27, ГКК Охрид 26, Хераклеа 25, Партизан Водно Санс 24, Пелистер Медика карта 23, Риниа 20, Мега Баскет 20, Спарта 19, Спорт Тим 18;

ИДНО КОЛО (03.04)

Чаир 2030 – Спорт Тим

Пелистер Медика карта – Тетекс ТТК

ГКК Охрид – Партизан Водно Санс

Спарта – Мега Баскет

Хераклеа - Риниа