26.03.2021

Претстојниот викенд ќе се одиграат натпреварите во двете групи од Втората лига.

16. КОЛО ОД ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Феникс 2010 на велешки испит, Тетекс ја напаѓа втората позиција на Западот

Во источната конференција, натпревар кој привлекува внимание е оној во недела (од 17.часот), во Велес, каде екипата на Феникс 2010 ќе ја брани првата позиција против еден од кандидатите за место во доигрувањето – велешки Борец.

За жал, нема да се игра другиот дерби-дуел, меѓу екипите на Шкупи и водечкиот Ангели, поради болест во редовите на екипата од Чаир.   

На терен се враќаат кошаркарите на Струмица, а прв противник по паузата ќе им биде екипата на МКК Куманово.

На Западот, откако го обезбедија првото место, кошаркарите на Чаир 2030, за кратко време (во три дена) имаат уште едно гостувањето во Битола, сега против екипата на Пелистер Медика карта ( во сабота од 15.часот).

Особено интересен е мечот во Тетово, каде, исто така во сабота, од 17.часот, екипата на Тетекс ТТК го пречекува ГКК Охрид, што е дуел за второто место на табелата кое носи нешто полесен противник во разигрувањето за пласман во Првата лига.  

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 16.КОЛО

ИСТОК 

ДЕНЕСКА:

16.30: Баскет КАМ – Ролинг 08

САБОТА:

13.00: Куманово 2 – Про Баскет

НЕДЕЛА:

17.00: Борец Баскет – Феникс 2010

17.00: Струмица – МКК Куманово

Ангели – Шкупи          одл.

ТАБЕЛА: Ангели 28, Феникс 2010 28, Ангели 28, Баскет КАМ 23, Шкупи 23 (-2), Борец Баскет 23 (-1), МКК Куманово 22, Струмица 17 (-3), Куманово-2 17, Про Баскет 16 (-1), Ролинг-08 16;  

ЗАПАД

САБОТА:

15.00: Спорт Тим – Риниа

15.00: Пелистер Медика Карта - Чаир 2030

16.00: Мега Баскет – Хераклеа

17.00: Тетекс ТТК – ГКК Охрид

ПРЕТХОДНО ОДИГРАНО:

Партизан Водно Санс – Спарта   98:77

ТАБЕЛА: Чаир 2030 29, Тетекс ТТК 25, ГКК Охрид 25, Партизан Водно Санс 24 (-1) Хераклеа 23 (-1), Пелистер Медика карта 23, Риниа 19 (-1), Спарта 19, Мега Баскет 19, Спорт Тим 16;