24.01.2020

16.КОЛО ОД ФРАНЦУСКАТА ПРО Б: ЃУРОСКИ ВО ФОРМА, МУ ИСПОРАЧА ДВАЕСЕТ ПОЕНИ НА РУЕН

По неколку неуспешни игри Евре славеше сигурен триумф од (92:87), ам македонскиот репрезентативец беше еден од најдобрите играчи во домашниот тим, имаше и пет асистенции и четири скока...

Евре и Стојан Ѓуроски одиграа еден навистина одличен, пред се, ефикасен натпревар против Руен.

Посебно добар беше стартот на домашниот тим и на нашето репрезентативно крило.Во првиот период од играта му дозволијз на противникот да даде само осум поен, а реализираа 21.

Разлика која ја зголемија уште повеќе на истекот на полувремето кога беше (48:29). И кога стана јасно дека Евре ќе ја прекине сериата на неуспешни игри и на порази во француската ПРО Б лига, домаќините славеа „само“ со (92:87), 

За 29:04 минути во игра, Ѓуроски реализираше 20.поени, со сосема добра реализација во шутот (3/6 за три, 3/3 за два поени), но беспрекорни  5/5 од линија за слободни фрлања. Имаше и пет успешни додавања до соиграчите, како и четири скока.

Ова беше шеста победа за Евре во 16.одиграни кола со кои ја поправи својата позиција на табелата во француската втора лига. Го дели 13. место во вкупниот поредок во кој има 18.екипи.