07.03.2021

Феноменална трета четвртина одиграа гевгеличани, за голем пресврт и победа над ТФТ (90:76)

16.КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Кожув влегува во зоната „суперлига“

Кошаркарите на Кожув стигнаа до уште една, и тоа како важна победа во Првата лига.

 

Иако пред себе ја имаа екипата која е најпријатното изненадување, тоа не им посмета на гевгеличани со една неверојатно ефикасна четвртина, веројатно и најдобрата во сезоната, да направат голем пресврт, и на крајот да победат

КОЖУВ – ТФТ     90:76

„Трилингот“ Хортон-Херис-Смит доминантно ја одигра првата четвртина од средбата во Гевгелија. И што е поважно, обезбеди сосема солидно водство од (23:15) за гостите од Скопје, на крајот на првиот период од играта.

Во вториот, ТФТ заигра уште поефикасно, стигнаа гостите и до двоцифрена предност (27:15), Двете серии по шест поени на Кожув, придонесоа играта да биде доста поизедначена.

По три минути игра во втората четвртина беше (25:29),

Но серијата од (9-0) реализирана во само две минути, ги однесе „црно-белите“ на највисоката предност (38:25).

Иако во улога на резервен играч, барем во записникот, тоа не му посмета на Хортон да дојде до 16. поени за нецели 12.минути поминати на теренот.

На другата страна поентерски одговараа Пајиќ, со десет реализации, и Лок кој имаше осум...

До крајот на првото полувреме бекот на ТФТ веќе имаше 20. поени со феноменален шут од игра (9/10), Смит дојде до 10, а гостите повторно беа на пристојна „одалеченост“ во однос на гевгеличани (48:36).

Интересно, Хортон беше единствениот од петмината играчи од клупата кои заиграа во првиот дел, со реализирани поени. Останатите четири останаа на „нулата“.

На „нула“ беа гостите во првите три минути од второто полувреме. Кожув даде седум поени, и тимот во бела комбинација на опремата стигна до само еден поен негатива, (47:48). А по тројката на Лок, и изедначи, (50:50).

Но тоа всушност беше увод во најдобрите минути на Кожув За екипата која можеби ги одигра тие десет минути најдобро во досегашниот дел од сезоната. Четвртината на соништата ја завршија со 35.дадени и само 12.примени поени.

И она што е поважно, убедливи (71:60) во пресрет на последната четвртина. Тргна со (5-0) за гостите и приближување на (65:71), пред Караџовски да даде тројка, за нова комфорна предност (74:65), на пет минути пред крајот. Доста време за игра, но за жал по гостите, недоволно за евентуален пресврт.

Домаќините успеаја да се одбранат и во тој последен квартал и заслужено да победат. По седми пат во 14. натпревари, за половичен ефект (7-7) во Првата лига, со кој екипата од Гевгелија влегува во горнирот дел до табелата од каде се оди во Суперлигата.

За ТФТ ова беше 12.одигран натпревар, и четтврти пораз во сезоната.

 

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 16.КОЛО

Кожув – ТФТ      90:76

Црн Дрим Грин мобиле – Гостивар    72:83

Пелистер – Академија ФМП       100:72

Куманово 2009 – Еуро Никел     78:79

ОДЛОЖЕНИ НАТПРЕВАРИ

МЗТ Скопје Аеродром - МЗТ Скопје Уни Банка

Работнички - Вардар