Со дуелот во Гевгелија, во кој екипата на Кожув го пречекува ТФТ од Скопје, ќе се затвори овој 16. круг од Првата лига.
Секако со дополнение дека во некој друг термин ќе се одиграат и другите две средби кои се одлошени, МЗТ Скопје Аеродром- МЗТ Скопје Уни Банка, односно Работнички-Вардар.
17.30: Кожув – ТФТ
https://youtu.be/9ao62_ngJW0
Во отсуство на болниот шеф на стручниот штаб, Александар Јончевски, екипата од Гевгелија и на овој меч ќе ја предводи неговиот асистент, Павле Николов:
„ТФТ е физички, најспремна екипа во нашата лига. Имаат одлична транзиција која ние мораме да ја сопреме за да дојдеме до победа. Овој меч ни претставува еден важен дел од нашата сложувалка за патот до првите 6. Ќе дадеме сè од себе, и ќе покажеме дека заслужуваме да бидеме таму“.
Боро Смилковски, тренерот на ТВТ знае дека овој дуел во Гевгелија е исклучително важен за двете екипи ...
„Екипата на Кожув нè дочекува во добра атмосфера после победата над Гостивар. Станува збор за екипа која игра многу подобра кошарка од што резултатите тоа го покажуваат. Имаа тежок распоред на почетокот и за оцекување е во понатамошниот тек од првенството да ја подобрат својата позиција.
За нас ова е првенствен натпревар по повеќе од месец дена, што може да биде и своевиден хендикеп. Имајќи в предвид дека Кожув веќе е во натпреварувачки ритам после паузата во лигата условена со акцијата на националниот тим. Очекувам да се натпреваруваме, имаме свои адути и пред сè, се надеваме на добра игра која, зошто да не, ја крунисаме со победа. Направема е анализа на противникот, имавме доста време да се подготвиме за натпреварот и во една добра атмосфера патуваме во Гевгелија во обид да ја ‘украдеме’ победата“- вели шефот на струката на скопските „црно-бели“.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 16.КОЛО
НЕДЕЛА:
17.30: Кожув – ТФТ
Сала „26.април“ – Гевгелија
ПОРАНО ОДИГРАНИ НАТПРЕВАРИ
Црн Дрим Грин мобиле – Гостивар 72:83
Пелистер – Академија ФМП 100:72
Куманово 2009 – Еуро Никел 78:79
ОДЛОЖЕНИ НАТПРЕВАРИ
МЗТ Скопје Аеродром - МЗТ Скопје Уни Банка
Работнички - Вардар