ФОТО: Велешани во Тетово стигнаа до седмата победа во последните осум кола
Кошаркарите на Чаир 2030 направија уште еден чекор на патот кон првата позиција на табелата и најдобрата стартна позиција во пресрет на елиминациските натпревари во втората фаза од Втората лига.
Чаирчани немаа многу милост во ова 18. коло и дуелот со Баскет Кам кој го решија со повеќе од убедливи (97:57).
По оваа победа, а поразот на Соколи 1933 на гостувањето во Чаир, но кај Шкупи, со минимални (97:98), сега чаирчани се на четири чекори пред конкуренцијата која освен штипјани ја чини и скопски Вардар.
„Црвено-црните“ во ова коло славеа со сигурни (75:63), со што се изедначија со ефектот кој го има Соколи 1933, и двете екипи се со учинок од 12.победи и 5.порази, на делба на втората позиција на табелата во пресрет на последните пет кола од регуларниот дел.
Во победничка серија се кошаркарите на Борец баскет. Велешани стигна до тешка победа на гостувањето во Тетово. Беа подобри од Тетекс ТТК со (73:69), па стигнаа до четврттата позиција, заедно со Баскет Кам (ефект 10-7). А ги турнаа „текстилците“ кон последните позиции на табелата, каде опстанок ќе бара и струшки Црн Дрим.
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 17. КОЛО
Шкупи – Соколи 1933 98:97
Тетекс ТТК – Борец Баскет 69:73
Хераклеа – Партизан Водно Санс 61:104
Чаир 2030 – Баскет Кам 97:57
Вардар – Струмица 75:63
ГКК Охрид – Црн Дрим 83:76
ТАБЕЛА: Чаир 2003 33, Вардар 29, Соколи 1933 29, Баскет Кам 27, Борец Баскет 27, Шкупи 26, Струмица 24, Партизан Водно Санс 24, ГКК Охрид 24, Црн Дрим 22, Тетекс ТТК 22, Хераклеа 19;
ИДНО КОЛО (19.03)
Соколи 1933 – Хераклеа
Борец Баскет – Вардар
Струмица – Шкупи
Партизан Водно Санс – Шкупи
Црн Дрим – Тетекс ТТК
Баскет Кам – ГКК Охрид