05.04.2021

На коло пред крајот, познати се учесниците во доигрувањето од оваа група.

17. КОЛО ОД ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Многу појасна слика на Западот

Ова 17.коло донесе многу појасни работи во изгледот на табелата, вклучително и местата кои водат во наредната фаза од натпреварите, доигрувањето за пополнување на Првата лига.

Особено тоа се однесува за натпреварите од групата Запад.

Серијата на победи лидерот Чаир 2030 ја продолжи со уште една, во дуелот со најслабопласираниот тим во групата, Тим Спорт од Неготино (92:66) за скор (16-1) пред последното коло во кое ќе го имаат можеби и најсериозниот испит. Гостуваат во Тетово, кај екипата на Тетекс ТТК.

Тетовци стигнаа, до се чини, клучната победа за место во првата „четворка“ на Западот, на гостувањето во Битола беа подобри од Пелистер Медика карта (82:69). За ефект од (12-5) пред дуелот со чаирчани следниот викенд на свој терен.

Победа за пласман во првите четири, исклучително значајна запиша и екипата на Партизан Водно Санс. И тоа на гостувањето кај ГКК Охрид (83:73), доволно да се пробијат на позицијата 3 со ефект (12-4).

Индиректно ги исфрлија охриѓани од трката за 4.позиција на која е екипата на Хераклеа која не го одигра мечот со Риниа (гостите не се појавија во салата во предвидениот термин).

Битолчани имаат уште три натпревари за доигрување, но и два порази помалку во однос на екипата од Охрид. За потврда за пласман во ТОП 4 им е потребен само уште еден триумф, наверојатно следниот викенд, на гостувањето во Неготино против Тим Спорт.

Многу „посложена“ е ситуацијата на Истокот.

Водечката екипа Феникс 2010 го одложи својот меч со екипата на Баскет Кам, тоа го искористија Ангели и Шкупи со нови победи да се изедначат, односно приближат до нивниот скор (14-2).

Екипата на Ангели славеше гостинска победа кај МКК Куманово (73:56), со која се изедначи со Феникс 2010 на првата позиција на табелата. Блиску до водечкиот двоец е Шкупи, екипа која во овој круг од натпреварите го декласираше Куманово 2 (123:77).

Екипата на Струмица го доби локалното дерби со Ролнинг 08 (79:53), и останува во игра за местата во горниот дел од табелата.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 17.КОЛО

ИСТОК 

Ролинг 08 – Струмица         53:79

МКК Куманово – Ангели    56:73

Шкупи – Куманово 2 123:77

Про Баскет – Борец Баскет          одл

Баскет КАМ – Феникс 2010         одл.

ТАБЕЛА: Ангели 30 (-1), Феникс 2010 30, Шкупи 27 (-2), Баскет КАМ 26 (-1), Борец Баскет 24 (-2), МКК Куманово 24, Струмица 23 (-2), Куманово-2 20, Про Баскет 18 (-1), Ролинг-08 18;

ИДНО КОЛО (10.04)

Феникс 2010 – Про Баскет

Борец Баскет – Шкупи

Куманово 2 – МКК Куманово

Ангели – Ролинг 08

Струмица – Кам Баскет

ЗАПАД

Чаир 2030 – Спорт Тим       92:66

Пелистер Медика карта – Тетекс ТТК 69:82

ГКК Охрид – Партизан Водно Санс     73:83

Спарта – Мега Баскет          86:80

Хераклеа – Риниа       неод.

ТАБЕЛА: Чаир 2030 33, Тетекс ТТК 29, Партизан Водно Санс 28 (-1), ГКК Охрид 27, Хераклеа 25 (-2), Пелистер Медика карта 25, Спарта 21, Риниа 21 (-2), Мега Баскет 21, Спорт Тим 19;

ИДНО КОЛО (10.04)

Спорт Тим – Хераклеа

Риниа – Спарта

Мега Баскет – ГКК Охрид

Партизан Водно Санс – Пелистер Медика карта

Тетекс ТТК – Чаир 2030