07.03.2022

Битолчани славеа победа на секогаш незгодното гостување во Куманово (79:60)

17. КОЛО ПРВА ЛИГА-МАЖИ: „Пелистерци“ се вратија на победничката патека

Кошаркарите на Пелистер брз заборавија на последните неуспеси во првенството, каде го запишаа првиот пораз во сезоната, но и во Купот на Македонија, каде беа елиминирани уште во четвртфиналето...

А најдобар лек за да се надмине кризата се секако – победите.

Една таква заслужија на вечерашното гостување во Куманово.

КУМАНОВО 2009 – ПЕЛИСТЕР  60:79

Куманово беше подобрата екипа во првата, а Пелистер за два поени плус во втората. Па на полувремето гостите од Битола имаа минимално водство од (33:31).

Во продолжението на играта, битолчани покажаа зошто се лидери на табелата. Третиот квартал го отворија со серија од (15:3), доволно за да поведат со (48:34) по нецели пет минути од продолжението на натпреварот во Куманово. Тројката на младиот Јовановиќ  поените на Адрејевиќ од линијата за слободни фрлања, го прекинаа тој најсериозен атак на битолчани.

За минус десет (38:48)...

Не се задоволи водечката екипа со таква предност. Во продолжението, нивото на играта го покачија на уште повисоко. Стигнаа и до плус од 20.поени (69:49)  на почетокот на последната четвртина, доволно да се вратат на победничката патека.

Односно скор (16-1) засега доволен за два чекори понапред во однос на единственито пратител во трката за местото број 1 во регуларниот дел од сезоната.

До 16. победа во првенството ги донесе ударниот двоец, Малешевиќ-Кесар, кои искомбинраа повеќе од половина од поените (вкупно 41) на гостинската екипа.

Во ослабениот состав на Куманово 2009, Андрејевиќ постигна 13, младиот Димитровски12, а Глигоријевиќ уште 10. поени.

Кумановци остануваат на скор од четири победи, сега и 13, порази со кои се се поблиску до плеј-аут лигата, односно борбата за опстанок.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 17. КОЛО

Работнички – МЗТ Скопје Аеродром       83:89

МЗТ Скопје Уни Банка – Навико Академија ФМП 63:84

Ангели – ТФТ          54:77

Еуро Никел 2005 – Кожув          96:75

Гостивар – Феникс 2010 78:63

Куманово 2009 – Пелистер        60:79

ТАБЕЛА: Пелистер 33, МЗТ Скопје Аеродром 31, Гостивар 29, Навико Академија ФМП 28, ТФТ 27, Еуро Нилкел 2005 26, Феникс 2010 25 (-1), Работнички 24, Кожув 22, Куманово 2009 21, МЗТ Скопје Уни Банка 19, Ангели 18 (-1);