13.03.2021

Голем пресврт, и уште поголема победа над МЗТ Скопје Аеродром (85:73)

17.КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: ФМП како феникс!

Каков пресврт, и каква победа за Академија ФМП во дуелот со фаворитот од Аеродром. Иако цели три четвртини беа во негатива, избраниците на Александар Петровиќ, најдоа некоја нова сила, некоја нова енергија. И во последната го турнаа големиот ривал.

АКАДЕМИЈА ФМП – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ       85:73

Резултатски, рамноправно беше седум и пол минути (16:16). До истекот на првата четвртина гостите од Аеродром се одвоија на три чекори (21:18).

А на средината од втората четвртина„ сино-белите“ имаа и двоцифрен плус од 12.поени (39:27). Во најголема мерка поради извонредниот шут за три поени. По седмата тројка (од девет обиди) имаа уште повисоки (40:28).

Во тој стил го финишираа првиот дел, водеа со (46:33). А како да не водат, кога имаа 80% во шутот за три поени (8/10).

Интересно, цели осум минути во третата четвртина, гостите не шутнаа зад линијата 6.75 метри. Но тоа не им посмета да го одржуваат двоцифреното водство (58:48) по 28.минути од играта. Но во псоледните две, ФМП „се симна“ на само четири поени негатива (58:62), пред Мекиќ да реализира две слободни фрлања за (58:64) во корист на „металците“.

Новата, мини серија од пет поени, ги донесе домаќините на само еден поен негатива, (63:64). А во следниот напад, Атанасов донесе и водство (67:66). Серијата на „академиците“ продолжи со тројка на Двојаковски, за највисок плус, (74:69) на 3:32 минути пред крајот.

Капитенот Стојановски, макар и за момент, ја прекина серијата. Но ФМП имаше и друг поентерски потенцијал. Седум поени по ред даде Херис, за уште повисоки (79:71). И недостижни за еден од топ-фаворитите за највисок пласман во шампионатот. А на еден од најдобрите играчи, Стефан Крстајиќ, на најубав можен начин му го честитаа неговиот 26.роденден.

ТФТ – ВАРДАР        94:71

Минутите на неверојатниот Амир Смит го одбележија првото полувреме од средбата во „Кале“.

Звучи неверојатно, но вистинито...

За нецели 15.минути, Американецот комплетираше дабл-дабл ефект од 13.поени (6/8 од поле) и 10. скока.

Но ТФТ никако не успеваше да се одвои на некоја поголема разлика.

Поведоа со (19:13) во првата четвртина, во втората има слични (38:32), но „соседите“ беа упорни. Но сепак, на одморот домаќините заминаа позадоволни, затоа што водеа со солидни (43:35). Но и поради тоа што освен Смит, почнаа да играат и да погодуваат и останатите од стартната петорка. Андерсон дојде до 12.поени, додека кај „вардарците“ поените беа поинаку распределени.

„Одвојувањето“ на многу поголемо „растојание“ се случи во третата четвртина, кога ТФТ со парцијални (19-8) дојде до најубедливото водство (62:43), а четвртината домашниот тим ја затвори со уште повисоки, (68:48).

За потврда на нова победа, „јубилејна“ десетта за екипата од Тафталиџе во која дури петмина кошаркари завршија со двоен број на поени. Освен оние стандардните, Смит Андерсон, Хортон, со по десет поени се надополнија и капитенот Нури и Зафиров. Кај Вардар пак, Џентл Сила имаше 17, Провел 15, а Дујковиќ 13. поени.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 17. КОЛО

Еуро Никел 2005 – Црн Дрим Грин мобиле           111:74

Гостивар – Пелистер       80:100

ТФТ – Вардар         94:71

Академија ФМП – МЗТ Скопје Аеродром   85:73

Куманово 2009 – Работнички  во тек

НЕДЕЛА:

17.00: МЗТ Скопје Уни Банка – Кожув

https://youtu.be/U1z73ARx2Ec