13.03.2021

„Црвено-белите“ не можеа да се состават на ова гостување, Куманово слави повеќе од убедлив триумф (95:70)

17.КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Кумановци ја продлабочија кризата на Работнички

Кој вели дека БИБЛ лигата е послаба од АБА -2 лигата?

Веројатно доста од оние кои знаат кошарка...

Но вечерва, кошаркарите на Куманово 2009 го докажаа спротивното. „Балканците“ им покажаа на „јадранците“ како треба, како се бори за боите на клубот, дека фаворити има, ама само на хартија.

КУМАНОВО 2009 – РАБОТНИЧКИ      95:70

Само во првата четвртина гостите од Скопје беа рамноправен ривал на овој натпревар. Сето друго беше на страна на кумановци, кои во средината на третата чевртина имаа неверојатни, плус 24.поени (72:48).

Како награда за одлично офанзивно издание, пред се, во втората односно третата четвртина која финишираше со уште поубедлив резултат (80:53).

Во онаа последната, уште помалку реално, но сосема вистинито, делуваа оние (84:55) во корист на „сино-белите“. Екипа чија стартна петорка одигра и повеќе од што очекуваше нивниот тренер Игор Ѓорѓиевски. Сите беа двоцифрени, а Марковски и Црниќ беа блиску од таков ефект. 

По 13.одиграни средби, Куманово е на ефект (8-5), додека пак Работнички, е со ист скор како и нивниот голем конкурент МЗТ Скопје Аеродром се на последните две позиции (6-4), макар со само десет одиграни средби во досегашниот дел од сезоната. Или дури шест помалку во однос на лидерот Пелистер.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 17. КОЛО

Еуро Никел 2005 – Црн Дрим Грин мобиле           111:74

Гостивар – Пелистер       80:100

ТФТ – Вардар         94:71

Академија ФМП – МЗТ Скопје Аеродром   85:73

Куманово 2009 – Работнички  95:70

НЕДЕЛА:

17.00: МЗТ Скопје Уни Банка – Кожув

https://youtu.be/U1z73ARx2Ec