13.03.2021

Денеска и утре ќе се одигра комплетно коло од шампионатот

17.КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Пелистер бара реванш против Гостивар

За прв пат по подолго време, оваа 17. рунда од Првата лига во машка конкуренција ќе биде во „полн состав“. Односно денеска и утре ќе се одиграат сите шест планирани средби.

Пет од нив ќе се играат денеска, додека мечот помешу екипите на МЗТ Скопје Уни Банка (учинок 3-11) и Кожув (7-7) на програмата е во недела, од 17. часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.

Коло кое со себе носи неколку доста интересни натпревари.

Како на пример во салата „Младост“ каде Гостивар (скор 9-5) ќе се обиде да го прекине налетот на водечката екипа во првенството – Пелистер (13-2). Битолчани имаат мотив повеќе за нова победа, ако се знае дека во првиот дел од сезоната беа поразени од гостиварци на домашне терен.

По настапите во „балонот“ во Сараево, екипите на Работнички и МЗТ Скопје Аеродром им се враќаат на домашните обврски.

„Црвено-белите“ (ефект 6-3) имаат сериозен испит на гостувањето во Куманово 2009 (7-5) од 19.часот, додека пак еден час порано, во директен пренос на МТВ, МЗТ Скопје Аеродром (6-3) е гостин на екипата на Академија ФМП (7-8).

Колото број 17 ќе биде отворено во 16.часот, во салата „Јасмин“ во Кавадарци Еуро Никел 2005 (8-6), ќе тргне како фаворит во дуелот со Црн Дрим Грин мобиле (1-15), а саботната програма ќе биде заклучена со средбата во СРЦ „Кале“, од 19. часот, кога ќе играта екипите на ТФТ (9-4) и на Вардар (3-10).

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 17. КОЛО

САБОТА:

16.00: Еуро Никел 2005 – Црн Дрим Грин мобиле

https://youtu.be/3YNxzAYSnOc

17.00: Гостивар – Пелистер

https://youtu.be/Eu2Rr-q3Pak

18.00: ТФТ – Вардар

https://youtu.be/B9N8djsY3dI

18.00: Академија ФМП – МЗТ Скопје Аеродром (МТВ)

Сала „Независна Македонија“ - Скопје

19.00: Куманово 2009 – Работнички

https://youtu.be/SJ_4KTSoaMI

НЕДЕЛА:

17.00: МЗТ Скопје Уни Банка – Кожув

http://​ ​https://youtu.be/U1z73ARx2Ec