13.03.2021

Претходно, Еуро Никел 2005 беше убедлив против Црн Дрим Грин мобиле (111:74)

17.КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Пелистер му се реваншираше на Гостивар

Нема кој да му застане на патот на Пелистер кон позицијата број 1 во регуларниот дел од сезоната.

Вечерва се обиде Гостивар, но без успех.

ГОСТИВАР – ПЕЛИСТЕР       80:100

Доста израмнет беше мечот во гостиварски „Младост“ во првите 20.минути. За што сведочи и резултатот (45:49) за гостинската екипа.

Ако во првата четвртина, Гостивар беше екипата која го имаше водството, работите се сменија во втората. Во 16.минута Пелистер дојде до двоцифрена предност од (45:34). Но со серија од (11-4) гостиварци се вратија во игра за -4 на полувремето (45:49).

Гостите од Битола беа многу подобра екипа и во продолжението на овој дерби дуел. Во третиот период делуваа уште подоминантно. Особено во одбраната која ги сопре гостиварци на само 11.реализации.

Лидерот на табелата поведе со (73:56), и ја најави својата 14. победа во 16.одиграни мечеви.

Уште еднаш ударната петорка на „зелено-белите“ заврши најголем дел од офанзивните задачи. Кесар, Малешевиќ и Трајковски, со помош на додвањата на Вилијамс, беа „причината“ за новиот триумф со кој го уцврстија своето водство на табелата.

Тодоровиќ остана премногу осамен во напаѓачките активности. Стартерот на Гостивар реализираше 22.поени, но без вистинска логистика од соиграчите. Дури во финишот Јанески и Костоски ја префрлија границата од десет поени. 

ЕУРО НИКЕЛ 2005 – ЦРН ДРИМ ГРИН МОБИЛЕ    111:74

Претходно во првиот меч од ова 17. Коло, Еуро Никел 2005 стигна до убедлива победа против ослабениот состав на Црн Дрим Грин мобиле (111:74).

По релативно израмнетата прва четвртина во која кавадарчани имаа водство од (24:19), се стана појасно во текот на втората. За десет минути домашната екипа реализира 30, прими само 11.поени. Па на одмор замина со убедливи (54:30).

Разлика која кавадарчани само ја зголемуваа со секоја одмината минута во второто полувреме.

Комплетната прва петорка на Еуро Никел 2005, со исклучок на Соколов, кој играше нецели десет минути, заврши со двоен број на поени. Како стартер, младиот Златев постигна 18, Рикиќ имаше 17, а Дубински уште 16.поени.

Кај стружани каде недостасуваа неколку играчи, Клусен даде 21, Лефкоски имаше 14, а Жоао Марсело уште 13.поени.  

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 17. КОЛО

Еуро Никел 2005 – Црн Дрим Грин мобиле           111:74

Гостивар – Пелистер    80:100

ТФТ – Вардар   во тек

Aкадемија ФМП – МЗТ Скопје Аеродром во тек

19.00: Куманово 2009 – Работнички

НЕДЕЛА:

17.00: МЗТ Скопје Уни Банка – Кожув

https://youtu.be/U1z73ARx2Ec