07.03.2020

17.КОЛО ОД ПРВАТА ЛИГА-МАЖИ: Гостиварци го положија „поправниот“, го „преживеаја“ Куманово

Со победата од (91:79) на нималку наивното гостување во Куманово, гостиварци се вратија „назад“ во трката за второто место на табелата...

 

Гостиварци не ја направија грешката од Кавадарци. На гостувањето во Куманово стигнаа двоцифрена негатива, потоа ја претворија во своја предност од десет и повеќе поени. Но овојпат ја задржаа, и стигнаа до два големи бода во битката за позицијата број 2 пред стартот на Суперлигата.

Куманово 2009 – Гостивар       79:91

(30-18; 13-22; 18-26; 18-25)

Горјан Марковски беше предводник на Куманово 2009 во уводната четвртина од дуелот со Гостивар. Реализираше осум поени, впрочем поентираше комплетната стартна петорка на „сино-белите“ кои остварија и водство од (22:14) по седум одиграни минути од првата четвртина.  

Го зголемија, со доста ефикасна игра, и по 10.минути водеа со двоцифрени (30:18).

Многу подобар „влез“ имаа гостиварци во вториот период од играта, во кој ја преполовија негативата. По нешто повеќе од пет минути беа во минус од „само“ шест поени (30:36).

Иако без поентерска подршка од Костоски, Гостивар намали и на (38:43) во последната минута од играта во првото полувреме. Во голема мерка поради добрите минути на резервистите како Армстед, Штерјов и Тасовски, поради што Гостивар имаше уште пониска негатива, од три поени (43:40) на истекот на 20.минути од играта.

Период во кој Црниќ и Марковски искомбинираа 20. поени за Куманово 2009, а Петровски и Тодоровиќ уште 10.

Најава дека овој меч ќе премине во неизвесен. А тоа и се случи по оние 15 минути за одмор.

Но со една битна разлика, Гостивар успеа да премине во водство )од (58:56), потоа и (61:58), за таа трета четвртина да биде затворена со првите поени на Костоски. По неговата тројка, гостите имаа водство од (66:61).  Серијата на гостиварци се „пролонгира“ и на (14-3), за уште повисоки (72:61) во уводот на последната четвртина.

Серијата ја прекина Атанасов, со тројка. За кратко, затоа што Димчевски одново го однесе Гостивар, на уште повисок плус од 12.поени, (82:70) по кој кумановци немаа одговор, како да се вратат во мечот.

Комплетна статистика од мечот - ТУКА

 

Пелистер – МЗТ Скопје Уни Банка     83:77

(28-27;  17-16; 17-15; 21-19)

Доста израмнети беа првите минути од средбата во Битола, двете екипи си поделија по 16.поени. До истекот на периодот, „пелистерци“ имаа еден поен плус (28:27).

Работите не се сменија ниту во текот на втората четвртина. Период од мечот во кој „зелено-белите“ водеа и со осум поени (35:27), во 12.минута. Но не и повеќе од тоа.

Напротив, младите кошаркари од Скопје таа негатива ја симнаа на минимална. Беа во минус од само два поени на големиот одмор (43:45).

По исто сценарио се одигра и второто полувреме. Пелисте римаше постојано вопдство. Гостите од Скопје постојано „го бркаа“ но не успеаја да го достигнат, па фаворитор стигна до планираната цел – победата, по која сега има дури осум повеќе во однос на младиот тим кој го предводи тренерот Горан Крстевски.

И скоро обезбеден опстанок, пред да почне Плеј-аут фазата.

Комплетна статистика од мечот - ТУКА