И покрај двојниот ефект од 17.поени и 10.завршни додавања на нашиот млад репрезентативец, Хувентуд загуби на гостувањето кај Бургос (89:92), додека Реал Бетис, на домашен паркет во Севиља, доживеа дебакл против Уникаха (66:88)...
Вечерва стартуваше 18. круг од натпреварите во шпанската АЦБ лига. А свои обврски имаа нашите репрезентативци, Ненад Димитријевиќ односно Шејн Витингтон.
Екипата на Хувентуд имаше гостување кај Бургос, тимот со кој пред некоја вечер играше По Лак ортез на Војдан Стојановски во рамките на ФИБА Лигата на шампионите.
А Димитријевиќ продолжи со своите одлични партии. Беше еден од најдобрите играчи во гостинската екипа.
Младиот бек на „зелено-црните“ доби многу поголем играчки простор од вообичаениот. Делумно и поради заминувањето на искусниот Грк Никос Зизис (се пресели во атински АЕК).
Иако не беше во стартната петорка, Димитријевиќ беше втор стрелец во Хувентуд (зад Препелич). Реализираше 17. поени (0/2 за три, 7/9 за два и 3/3 за еден поен). Освен тоа имаше и одлични,десет завршни додавања, три скока за 28:41.минути на теренот.
За жал, без оној краен ефект, тимската победа. Бодовите останаа во Бургос кој славеше со (92:89) и беше подобар токму во последната четвртина.
Витингтон и Реал Бетис не успеаја да ја изненадат Уникаха. Загубија пред својата публика во Севиља (66:88).
А репрезентативното крило на „зелено-белите“ одигра под очекувањата. За 18.минути во игра, не погоди ниту еден од двата обиди од поле, и зад неговото презиме останаа само нули, освен еден скок во последните минути од мечот.