17.03.2021

Славеа избраниците на Александар Петровиќ голема победа во Гевгелија, против Кожув (84:77)

18. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Академија ФМП многу поблиску до Суперлигата

Кошаркарите на Академија ФМП направија голем исчекор кон пласманот меѓу шесте најдобри екипи во Првата лига, односно оние кои го продолжуваат својот пат во Суперлигата.

Вечерва добија три од четирите четвртини од дуелот со Кожув, и заслужено ги земаа двата бода од гостувањето во Гевгелија.

КОЖУВ - АКАДЕМИЈА ФМП       77:84

Впрочем, гостите од Скопје беа далеку подобрата екипа од почетокот на натпреварот во Гевгелија. Ја потврдија добрата прва четвртина со предност од седум поени (24:17), а во ист стил продолжија до одморот, во кој влегоа со уште повисоки (44:35).

Но Кожув се врати во третата делница од играта, во која тимот на Александар Јончевски дури и го сврте резултатот во своја корист. Поведоа домаќините со минимални (60:59).

Но само за момент, затоа што упорните гости одново го вратија водството. Но не поголемо од шест-седум поени. Но доволно за деветтиот триумф во 17.одиграни мечеви.  

Лука Стојановски беше изненадување за Кожув. Младиот бек на „академиците“ реализираше 15.поени, и беше одлична логистика за Крстајиќ, кој повторно отскокна со својот поентерски ефект (28.поени), како и Херис (17) и Атанасов (13).

Станојевиќ беше прва напаѓачка опција на Кожув. Реализираше дабл-дабл од 26.поени и 12.скока, Караџовски и Симоновски имаа по 13. поени, а Силаџи 11.