Уште една потврда испратија кошаркарите на ТФТ дека во оваа, за нив, дебитантска сезона, се најпријатното изненадување во Првата лига.
Го докажаа тоа земајќи го веројатно и највредниот скалп во оваа фаза од шампионатот, оној на нашиот најтрофеен кошаркарски колектив, Работнички.
РАБОТНИЧКИ – ТФТ 73:77
ТФТ беше екипата која ја имаше резултатската предност во првото полувреме. Но гостите не успеаја таа да биде изразена двоцифрено.
Откако ја добија првата четвртина со (19:16), во неколку наврати од втората, имаа предност од седум поени. Прво (33:26), нешто потоа и (41:34) на минута и пол пред истекoт на полувремето кое заврши со иста позитива за ТФТ, (43:36).
Смит со 11, и Херис со 10 поени го предводеа домашниот напад. На другата страна, Николовски уфрли 11, Мулалиќ 9, а Бундовиќ уште 8. поени.
На почетокот на второто полувреме „црно-белите“ имаа и двоцифрена разлика (50:40) и 5242), но домаќините брзо симнаа дел од неа. Со серијата од осум поени, намалија на (50:52), на 4:13 минути пред истекот на тој трет дел од играта во СРЦ „Кале“, кој сепак заврши со солидно водство на гостите (63:57).
Последниот период беше најнеефикасниот, но она што е важно за госитре е дека успеаја да го одбранат тоа водство, и да победат.
По 11.пат во 15.досега одиграни мечеви во друштвото на најдобрите. По заслуга на Андерсон и Смит кои завршија со 17.поени, како и вториот поентерски двоец „Х-Х“, Херис-Хортон кои дополнија со по 13. поени.
Во петтиот пораз во 11.мечеви, Николовски имаше 18, Бундовиќ 15, Мулалиќ 14, а Младеновски уште 10.поени.
ВАРДАР – МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА 85:79
Неверојатно прво полувреме одигра Диксон Дикембе. Бекот на Вардар делуваше непогрешливо во првите 20.минути. Стигна до 26. реализирани поени, со неверојатни (11/12 во шутот од поле), плус и пет скока.
Заедно со 13.поени кои дојдоа од Провел, беше и повеќе од доволно за убедливо водство. По 20.минути Вардар водеше со (46:33), иако во текот на втората четвртина „црвено-црните“ имаа и повисока предност од 17.поени (44:27).
Иако заигра амногу подобро во второто полувреме, младите кошаркари од Аеродром не успеаја да направа комплетен резултатски „камбек“.
Вардар стигна до четврттиот успех, колку што има и нивниот вечерашен противник но со еден натпревар повеќе.
Интересно, Дикембе остана на истиот ефект од првото полвреме. Но затоа помогнаа Провел со 23.реализации, а 15. поени дојдоа од Радош.
На другата страна, една цела петорка со двоен број на поени. Најмногу, 17. даде Монтгомери (имаше и 12.скока). Лејсон Зекири застана на 16, Леонид Тодоровски на 11. поени, а од стартерите М.Митевски даде десет, додека Андоноски како резервист уфрли 14.