19.04.2021

Со одигрувањето на последното коло, формирани се четвртфиналните двојки

18. КОЛО ОД ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Борец Баскет и Хераклеа последни учесници во доигрувањето

Натпреварите во Втората лига-мажи, оние од регуларниот дел се завршени.

Со одигрувањето на 18. последно коло, познат е изгледот на табелите во двете групи Исток и Запад, од кои ќе се формира натпреварувачкиот „костур“ за втората-елиминациска фаза во која ќе бидат одредени двете екипи кои во наредната сезона 2021/2022 ќе се натпреваруваат во Првата лига-мажи.

Пресудната победа за пласман во првите четири екипи кои продолжуваат понатаму, во групата „Исток“ остварија кошаркарите на Борец Баскет. Во Велес беа подобри од екипата на Шкупи (85:76), и со скор (12-6) ја сочуваа четврттата позиција на табелата.

Првопласирана во оваа група е екипата на Феникс 2010, која има ист број на освоени бодови како и екипата на Ангели (ефект 16-2). Но подобар скор во меѓусебните дуели одиграни во првата фаза.

На Западот, од порано беше јасно дека екипата на Чаир 2030 ќе ја има првата позиција на табелата. Чаирчани го потврдија тоа со победа во Тетово, против екипата на Тетекс ТТК (81:69).

Најважниот триумф во овој последен круг од натреварите е за екипата на Хераклеа. Славеа битолчани на гостувањето во Неготино (77:65), за ефект (12-6). Ист каков што има и екипата од Тетово. Но „текстилците“ ќе бидат на позицијата 3, поради подобриот скор во меѓусебните дуели.

Следува четвртфиналето, а според постигнатите резултати, за место во Првата Лига, во два одиграни натпревари, ќе разигруваат:

Чаир 2030 – Борец Баскет

Партизан Водно Санс – Шкупи

Тетекс ТТК – Ангели

Хераклеа – Феникс 2010

 

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 18.КОЛО

ИСТОК 

Феникс 2010 – Про Баскет 88:61

Борец Баскет – Шкупи        85:76

Куманово 2 – МКК Куманово      58:97

Ангели – Ролинг 08   20:0сл.

Струмица – Кам Баскет       75:69

ТАБЕЛА: ФЕНИКС 2010 34, АНГЕЛИ 34, ШКУПИ 31, БОРЕЦ БАСКЕТ 30, Баскет КАМ 28, Струмица 27, МКК Куманово 26, Куманово-2 21, Про Баскет 19, Ролинг-08 18;

ЗАПАД

Спорт Тим – Хераклеа        65:77

Риниа – Спарта 73:82

Мега Баскет – ГКК Охрид   79:84

П. Водно Санс – Пелистер Медика карта    20:0сл.

Тетекс ТТК – Чаир 2030      69:81

ТАБЕЛА: ЧАИР 2030 35, ПАРТИЗАН ВОДНО САНС 32, ТЕТЕКС ТТК 30, ХЕРАКЛЕА 30, ГКК Охрид 29, Пелистер Медика карта 25, Спарта 23, Риниа 22, Мега Баскет 22, Спорт Тим 20;