21.03.2022

Велешани беа подобри и од скопски Вардар (69:63)

18. КОЛО ОД ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Осма победа за Борец Баскет во последните девет натпревари

Кошаркарите на Борец Баскет ја продолжија серијата на победи и пробивот кон горните позиции на табелата во Втората лига.

На свој терен во салата „Гемиџии“ во Велес, стигнаа негатива од 18. поени и славеа победа (69:63) против еден од фаворитите за највисок пласман, екипата на Вардар.

Ова е нивна осма победа во последните девет кола со која стигнаа до петтото место на табелата, со шанси уште повеќе да се приближат до погорни позиции.

Таму е екипата на Соколи 1933 која во ова коло без проблеми ја совлада битолска Хераклеа (104:81), Баскет кам, кој не дозволи изненадување на свој терне против ГКК Охрид (70:55).

Минимална победа во Струмица реализираа и кошаркарите на Шкупи (84:83), а победа, со која можеби и го обезбедија опстанокот во оваа конкуренција постигнаа и кошаркарите на Црн Дрим. Во директниот дуел за „бегство“ од позицијата број 11, го совладаа Гетекс ТТК со (79:66).

Вечерва, лидерот на Втората лига, екипата на Чаир 2030 го пречекува Партизан Водно Санс.  

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 18. КОЛО

Соколи 1933 – Хераклеа 104:81

Борец Баскет – Вардар   69:63

Струмица – Шкупи           83:84

Црн Дрим – Тетекс ТТК   79:66

Баскет Кам – ГКК Охрид 70:55

21.03: Партизан Водно Санс – Чаир 2030

ТАБЕЛА: Чаир 2003 33 (-1), Соколи 1933 31, Вардар 30, Баскет Кам 29, Борец Баскет 29, Шкупи 28, Струмица 25, Партизан Водно Санс 24 (-1), ГКК Охрид 25, Црн Дрим 24, Тетекс ТТК 23, Хераклеа 20;  

ИДНО КОЛО (26.03)

Шкупи – Вардар

Чаир 2030 – Соколи 1933

Црн Дрим – Борец Баскет

ГКК Охрид – Партизан Водно Санс

Тетекс ТТК – Баскет КАМ

Хераклеа - Струмица