Кошаркарите на Кожув направија еден навистина голем чекор во трката за опстанок во друштвото на најдобрите. Иако има уште четири кола до крајот на регуларниот дел, по доста долга пауза, тимот од Гевгелија стигна до една победа, и тоа против Куманово 2009, еден од директните конкуренти со кои ќе разигруваат во Плеј-аут лигата, онаа која носи опстанок во друштвото на најдобрите
КОЖУВ - КУМАНОВО 2009 95:80
Доста изменетиот состав со некои нови имиња, како на пример Тач Унрух, Декардо Деј, Намди Оконкво, од претходно и Травон Бродвеј, конечно донесоа и резултат во полза на Кожув.
Практиќно двете екипи со поделија по две четвртини на вечерашниот меч во салата „26.април“ во Гевгелија. Но домашната екипа беше поуспешна во оние кои ги реши во своја корист. Особено тоа се однесува за последниот дел од натпреварот кој Кожув го доби со (33:17), на крајот доволно за убедлив триумф, изрзен од 15. поени предност.
Токму новакот во нивните редови, Унрух беше и најдобриот поединец на средбата во која гевгеличани стигнаа до шестиот првенствен успех со кој сега имаат четири победи повеќе во однос на најзагрозените екипи во лигата, МЗТ Скопје Уни Банка и Ангели.
Реализираше 29.поени (11/17 од поле), имаше и три скока и две асистенции. Но она што е битно за тренерот Перо Блажевски е фактот што дури четири играчи од првата петорка завршија со двоен број на поени. Бродвеј даде 20, Колев имаше 13, Деј еден помалку, додека Главчев го заврши мечот со десет реализирани поени.
На другата страна, далеку најдобар поединец беше Самсон Акано, стрелец на 35 поени. Ѓукановиќ постигна 16, а Глигоријевиќ 13.поени. Но Куманово останува на слаб скор (4-14).
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 18. КОЛО
Пелистер – МЗТ Скопје Уни Банка 99:89
ТФТ – Гостивар 95:86
МЗТ Скопје Аеродром – Ангели 96:70
Навико Академија ФМП – Работнички 33:32
Кожув – Куманово 2009 95:80
13. МАРТ (НЕДЕЛА):
20.30: Феникс 2010 – Еуро Никел 2005
Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје
https://youtu.be/9iGvE-a4Vzk