12.03.2022

Водеа постојано „лавовите“, и на крајот го победија Работнички (83:70) и го достигнаа Гостивар на првенствената табела

18. КОЛО-ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Навико Академија ФМП се искачи на делба на третата позиција!

По поразот на Гостивар од ТФТ, а победата над Работнички, кошаркарите на Навико Академија ФМП се искачија на делба на третата позиција на табелата.

Заедно со гостиварци се на скор од 12.победи и 6.порази по 18. одиграни натпревари во Првата лига...

НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – РАБОТНИЧКИ           83:70

Комплетно израмнет беше дуелот во „Независна Македонија“ во првото полувреме. Ниту една од двете екипи не успеа во обидите да направи некоја посериозна предност во таа фаза од играта.

Со тројката на повратникот во тимот, Балмазовиќ, Работнички со минимални (23:22) ја доби првата четвртина  во која „црвено-белите“ имаа и сосема солидно водство од  (11:5), а потоа и (14:7).

Во продожението, поведе Навико Академија ФМП со (27:23), но по серијата на гостите од (9-0) веќе беше (32:27) за Работнички. Новата промена, со три поени, ја донесе Стојановски, за ново водство на домашната страна (33:32). А Тодоровски зголеми и на (35:32) за контра-серија од (8-0) за екипата од Кисела Вода. А истиот играч му донесе на тимот-домаќин уште повисоки (39:34) по 17.минути од играта.

Не застанаа тука домашните кошаркари... Крстајиќ и Бакоч со нови пет поени, го донесоа составот на Навико Академија ФМП и до двоцифрен плус од (47:37). Но младиот Данаиловски направи таа разлика сепак да биде едноцифрена - (38:47).

Во продолжението, гостите само во еден наврат ја симнаа таа негатива на пет поени (42:47), но не успеаја да направат ништо повеќе од тоа. Освен бековскиот двоец Ајви-Крстајиќ, добро функционираше и Тодоровски во рекетот. На другата страна од игралиштето и премногу осамен во офанзивните дејствија остана Балмазовиќ (стрелец на 18.поени), и донекаде Едвин (десет поени) а мала беше помошта и од клупата која доенесе само шест поени во три четвртини во кои Навико Академија ФМП водеше со (61:51).

Сепак, со серија од шест поени, Работнички стигна до достижни (61:57), ама нивниот налет го сопреа Ајви и Бакоч, за (64:57) на истекот на третата четвртина.
Во онаа последната, гостите продолжија да го бркаат водството. Истата негатива од четири поени ја имаа и во 32. минути игра (65:69).

Но Стојановски со нова негова тројка, отвори серија од (8-0) за домаќините кои овојпат се одвоија на недостижни (77:65) кога останаа да се доиграат нецели четири минути.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 18. КОЛО

Пелистер – МЗТ Скопје Уни Банка     99:89

ТФТ – Гостивар      95:86

МЗТ Скопје Аеродром – Ангели         96:70

Навико Академија ФМП – Работнички        83:70

13. МАРТ (НЕДЕЛА):

18.00: Кожув – Куманово 2009

Сала „26.април“ – Гевгелија

https://youtu.be/OsEK8ZJ4AuI

20.30: Феникс 2010 – Еуро Никел 2005

Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/9iGvE-a4Vzk