11.03.2022

Одличeн отпор дадоа младите кошаркари oд Аеродром, Загубија во последните две минути против водечката екипа на табелата (99:89).

18. КОЛО ПРВА ЛИГА –МАЖИ: Пелистер победи, дури во пенал-завршница

Сериозен отпор пружија младите кошаркари на МЗТ Скопје Аеродром. Скоро 40.минути беа рамноправни во играта против водечката екипа на табелата, која се извлече и на крјаор стигна до планираната цел - победата, за нив 17. во Првата лига.

ПЕЛИСТЕР – МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА   99:89

Крајно изнендувачки делуваа оние (47:47) на полувремето од првиот меч од 18. коло помеѓу екипите на Пелистер и МЗТ Скопје Уни Банка.

Но, одличен отпор пружија младите кошаркари од Аеродром во првото полувреме на гостувањето во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

Лидерската екипа никако не успеваше да се одлепи во играта, па и во резултатот Макар што по првата четвртина битолчани водеа со (26:22), не делуваа како екипа која во 17. одиграни кола има само еден неуспешен резултат. Гостите од Скопје предводени од трилингот Рансом-Митевски-Јигитоглу, успешно се бранеше од нападите кои најчесто ги завршуваа Малешевиќ и Кесар (заедно 26. поени во 20.минути).

Во продолжение не престанаа „проблемите“ во играта на Пелистер. Младите аеродромци го држеа водството, а на средината од  третата четвртина водеа со (58:54). Но во оној втор дел од четвртината „пелистерци“ се поправија, го свртеа резутатот во своја корист. Пред последната кратка пауза имаа плус 6 (70:64).  

А Малешевиќ веќе беше на бројката од 22. реализации во домашната екипа.

Сепак, најмладата екипа во лигата немаше намера предвреме да го развие белото знаме, напротив. „Сино-белите“ беа во игра се до три минути пред крајот. Имаа нерешени (83:83), пред Николиќ да погоди тројка за ново водство на екипата фаворит (86:83), кое го зголеми Младеновски со две погодени слободни фрлања (88:83).

Исајлоски врати со тројка, за (86:88), па Митевски погоди за (88:90) кога останаа 1:14 минути до крајот. Во пенал-завршницата, мирен беше Николиќ, за (92:88), а потоа Рансом беше половичен од истата позиција за (89:92). Малешевиќ i Младеновски, потоа и Кесар, беа немилосрдни, го казнија тоа, за мир во куќата на „пелистерци“.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 18. КОЛО

Пелистер – МЗТ Скопје Уни Банка     99:89

12 МАРТ (САБОТА):

18.00: ТФТ – Гостивар (МРТ3)

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

https://youtu.be/iK8WkPSvCn0

18.00: МЗТ Скопје Аеродром – Ангели

Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/dDRFdLMfiGU

19.30: Навико Академија ФМП – Работнички

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

https://youtu.be/4Oz7nYz9EBM

13. МАРТ (НЕДЕЛА):

18.00: Кожув – Куманово 2009

Сала „26.април“ – Гевгелија

https://youtu.be/OsEK8ZJ4AuI

20.30: Феникс 2010 – Еуро Никел 2005

Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/9iGvE-a4Vzk