11.03.2022

Поради зафатеност на салата „Боро Чурлевски“ за време на викендот, вечерва (18.30) во Битола се игра првиот меч од ова коло

18. КОЛО-ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Премиерата за Пелистер и МЗТ Скопје Уни Банка

Еден натпревар во вечерен термин, уште четири во сабота, и последниот во недела е распоредот на одигрување на натпреварите од 18. коло од најсилната конкуренција.

Стартот е вечерва во Битола, каде од 18.30 часот на теренот во салата „Боро Чурлевски“ ќе истрчаат кошаркарите на Пелистер и на МЗТ Скопје Уни Банка.

„Зелено-белите“ се апсолутни фаворити на овој премиерен меч од 18. коло. Во она минатото им се вратија на победничките навики со успехот на гостувањето во Куманово, па овој, против младиот тим на клубот од Аеродром ќе бараат уште една победа со која ќе го одбијат налетот на шампионот.

Во сабота, од 18.часот, на програмата два натпревари во ист временски термин. МЗТ Скопје Аеродром го дочекува последнопласираниот тим во лигата, Ангели, додека извесно, најинтересниот натпревар ќе се игра во СРЦ „Кале“ (со директен пренос на МРТ3).

Освојувачот на Купот, екипата на ТФТ го пречекува тимот со најдолга победничка серија – Гостивар, макар и во некомплетен состав, ако се земе в предвид повредата на репрезентативецот Андреј Маслинко.

Интересно ќе биде и час и половина подоцна, но во салата „Независна Македонија“, каде одличниот Навико Академија ФМП го дочекува „реновираниот“ Работнички. Екипа која е два чекори поназад во однос на конкурентите во трката за место кое води во Суперлигата, и практично е без право на грешка во последните пет првенствени кола.

Во битката за што подобра позиција во пресрет на плеј-аут лигата, во недела од 18 часот, играат Кожув и Куманово 2009,а нешто подоцна и Феникс 2010 и Еуро Никел, од 20.30 часот во малата сала на СЦ „Јане Сандански“. Или 40.минути во кои победникот скоро извесно ќе биде еден од шестте кои ќе продолжат во следната фаза - Суперлига

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 18. КОЛО

11. МАРТ (ПЕТОК):

18.30: Пелистер – МЗТ Скопје Уни Банка

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

https://youtu.be/LAMOaPzcPrc

12 МАРТ (САБОТА):

18.00: ТФТ – Гостивар (МРТ3)

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

https://youtu.be/iK8WkPSvCn0

18.00: МЗТ Скопје Аеродром – Ангели

Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/dDRFdLMfiGU

19.30: Навико Академија ФМП – Работнички

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

https://youtu.be/4Oz7nYz9EBM

13. МАРТ (НЕДЕЛА):

18.00: Кожув – Куманово 2009

Сала „26.април“ – Гевгелија

https://youtu.be/OsEK8ZJ4AuI

20.30: Феникс 2010 – Еуро Никел 2005

Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/9iGvE-a4Vzk