12.03.2022

По седум кола, гостиварци поразени, од новиот освојувач на Купот на Македонија, „црно-белите“ славеа со убедливи (95:86)

18. КОЛО-ПРВА ЛИГА-МАЖИ: ТФТ стави крај на серијата на Гостивар

Екипата на ТФТ стави крај на победничката серија на Гостивар. Пред својата публика, во СРЦ „Кале“ со пресврт во второто полувреме славеа по 11. пат во 18.одиграни кола во Првата лига.

ТФТ – ГОСТИВАР   95:86

Гостиварци беа далеку подобар противник во првото полувреме. Двете четвртини ги репија во своја корист. Дадоа по 26. поени, имаа водство по 20.минути од играта во дербито на 18.коло (52:42).

Но работите на теренот се сменија откако двете екипи се вратија на пакретот по паузата од 15. минути. Фуриозна трета четвртина имаше домашната екипа во која реализираше дури 32, прими само 19. поени.

Доволно за комплетен пресврт и во играта и во резултатот. „Црно-белите“ поведоа со (74:71). Натпреврот влезе, се претвори во многу поизедначен во последната четвртина.

Макар што по забивањето на одличниот Николов, ТФТ поведе и со двоцифрени (81:71) по нецели три минути од последниот период. По трите поени на Ворку, Гостивар беше во заостанување од само „пола кош“ (83:84) на средината на тој последен дел од играта. Н оКостоски, со две тројки по ред, го одби тој нивни напад, постави (90:86). Неовата трета тројка во четвртата чеѕвртина ги симна сите дилеми околу коненито победник.

ТФТ стави крај на сериата на победи на ФГостивар, со која го оддржува чекорот со екипите кои сакаат да гравитирата кон горниот дел од табелата, каде е Гостивар, сега со шест порази во 18. Одиграни кола.

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – АНГЕЛИ   96:70

Рутинерска победа за бранителот на титулата, кој уште во првата четвртина го најави планираниот успех против „фенерџијата“ во друштвото на најдобрите По десет минути игра во СЦ „Јане Сандански“ веќе беше (29:14) за фаворитот, кој до истекот на првото полувреме таа предност ја зголеми до недостижни (56:38).

Петмина домашни кошаркари завршија со десет и повеќе поени. Дејвис имаше 19, Рикиќ 17. додека по 13 реализации имаа Мекиќ, Милошевиќ и Војдан Стојановски.

Доволно за ефект (15-3) и второ место на табелата, додека Ангели останувата на оние две победи.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 18. КОЛО

Пелистер – МЗТ Скопје Уни Банка     99:89

ТФТ – Гостивар      95:86

МЗТ Скопје Аеродром – Ангели         96:70

Навико Академија ФМП – Работнички   (во тек)

13. МАРТ (НЕДЕЛА):

18.00: Кожув – Куманово 2009

Сала „26.април“ – Гевгелија

https://youtu.be/OsEK8ZJ4AuI

20.30: Феникс 2010 – Еуро Никел 2005

Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/9iGvE-a4Vzk