20.03.2021

А во Гостивар ќе се сретнат две „ранети“ екипи кои исто така, бараат победа за влез во Суперлигата.

19. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Куманово е новиот предизвик за „пелистерци“

Денеска и утре ќе се одиграат мечевите од 19.коло, кое поради обврските на двата наши претставници во АБА 2 лигата, Работнички и МЗТ Скопје Аеродром ќе биде комплетирано подоцна.

Но и овие четири средби се и тоа како важни, особено ако се земе в предвид дека полека но сигурно се приближуваме кон крајот на регуларниот дел од сезоната во Првата лига.

Во саботниот дел од програмата на 19. рунда, од 17. часот, екипата на Гостивар (9-7) го пречекува тимот на Кожув (7-9) во битка за место кое води во следниот суперлигашки круг од натпреварите. Зад двете екипи се порази во изминатиот период, особено за домашната, која практично е пред императивна форма. Мора да го добие дуелот со директниот конкурент за место во првите шест, макар што има предност од две победи по досега одиграните 16. натпревари.

Час и половина подоцна, во Кисела Вода, мала скопска пресметка. Дуелот помеѓу екипите на Академија ФМП (9-8) и Вардар (4-11). Кошаркарите на ФМП сакаат да ја потврдат серијата од две победи по ред со уште една против „вардарци“, кои пак доаѓаат со силни мотиви по успешниот настап во минатото коло, со екипата на МЗТ Скопје Уни Банка.

Во недела пак, за издвојување е средбата во Куманово (од 18.30 часот) каде доаѓа водечката екипа во лигата, Пелистер (14-3). Вистински дерби дуел во кој и двата тима ќе бараа некоја своја рехабилитација. Кумановци (ефект 8-5) за неуспешниот настап во БИБЛ лигата на гостувањето во Пловдив, а битолчани пак за шок-поразот во три продолженија на домашен терен од Еуро Никел 2005.

Нешто порано, од 16.15 часот, во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, ќе играат МЗТ Скопје Уни Банка (4-12), и ТФТ (11-4).

ФОТО: Димитар Петковски

 

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 19.КОЛО

ДЕНЕСКА:

17.00: Гостивар – Кожув

Сала „Младост“  Гостивар

18.30: Академија ФМП – Вардар

Сала „Независна Македонија“ - Скопје

НЕДЕЛА:

16.15: МЗТ Скопје Уни Банка – ТФТ

Мала сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

18.30: Куманово 2009 – Пелистер   (МРТ)

Сала „Перо Наков“ - Куманово

ОДЛОЖЕНИ НАТПРЕВАРИ:

Црн Дрим Грин мобиле – Работнички

Еуро Никел 2005 – МЗТ Скопје Аеродром