17.03.2022

За кратко време битолчани запишаа уште еден неуспех, „црвено-белите“ ја прекинаа серијата од седум последувателни порази (95:89)...

19. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА МАЖИ: Прва победа за Работнички со Михајловски на клупата, втор пораз за Пелистер

За не баш долго време, лидерот во домашниот шампионат, екипата на Пелистер загуби уште еден натпревар на гостувањата во Скопје. По она против дебитантот во лигата Феникс 2010, вечерва подобар од нив беше „реновираниот“ Работнички...

РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР         95:89

Се чини дека домашните кошаркари како да влегоа во овој натпревар многу помотивирани од гостите од Битола, каде од клупата, по пауза од скоро три недели, „асистираше“ шефот на стручниот штаб Марјан Илиевски.

По израмнетата прва четвртина (19:19), „црвено-белите“ беа тие кои стигнаа до осетна предност. И тоа од девет поени (34:25), кога се играше 16.минута. „Пелистерци“ каде недостасуваше репрезентативниот бек Бобан Стајиќ, се вратија на (36:38). Но тројката на Нацевски и „слободното“ кое дојде од Едвин, го остави Работнички во солидно водство од (42:36).

Во продолжението, домашната екипа успешно одолеваше на нападите на „зелените“. Така беше се до неполни четири минути пред крајот, кога Кесар му донесе дури и водство на Пелистер од (77:75).  

Но Балмазовиќ и Едвин не се откажаа од трката за победата. Новите играчи го правтија домашниот тим во водство од (81:79) со кое се влезе во последните две минути од дуелот во СРЦ „Кале“.

Едвин беше творецот на резултат (86:82), Кесар врати за (84:86), но младиот Данаиловски, веднаш потоа и Балмазовиќ, ја продолжија пенал-серијата за домашната екипа на (90:84), недостижно за лидерот, кој сега има само еден пораз (скор 17-2) помалку во однос на првиот пратител МЗТ Скопје Аеродром (16-3).