21.03.2021

„Црно-белите“ успешни и во дуелот со МЗТ Скопје Уни Банка, како гости стигнаа до 12. победа во сезоната (90:74).

19. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: ТФТ му „дише во врат“ на лидерот Пелистер

Екипата на ТФТ е најсериозниот конкурент на Пелистер во битката за првото место во регуларниот дел од сезоната. Иако зад себе имаат само 16.одиграни натпревари, по вечерашната победа над МЗТ Скопје Уни Банка, тимот кој од клупата го предводи тренерот Боро Смилковски останува во трката и за првото место на табелата во регуларниот дел од сезоната во Првата лига.

​МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА – ТФТ            74:90

Веројатно е дека домашната екипа има шанси во дуелот со ТФТ само ако во текот на 40.минути има мал број на постигнати поени. И во таа своја поставка во играта домашната екипа успеа да реализира дел од замисленото.

Откако ТФТ го доби првиот период од играта (20:14), доста неефикасно се играше во продолжението од мечот во малата сала на „Јане Сандански“. Сепак, фаворитот успеа да направи  поголема предност од 11. поени (32:21) во 15.минута. А Андерсон и Херис дадоа 24, од тие 32 поени за гостинската екипа.

Но по неспортската грешка на Херис, МЗТ Скопје Уни Банка се врати во мечот. Намалија домашните кошаркари на (36:39) како што беше резултатот на полувремето.

И 20 минути во кои Монтгомери веќе беше блиску до дабл-дабл ефект. Крилото на домашната екипа реализираше 11.поени и 9.скока во тоа прво полувреме.

Во третата четвртина МЗТ Скопје Уни Банка успеа да направи резултатски пресврт, поведе со (47:44), по 23.минути од играта.

Но со една многу побрза игра во нападот, ТФТ успеа да направи уште една промена на водството. Гостите изградија предност и од (60:52) во претпоследната минута од тој период. Но тројката на Зекири донесе (55:60) на семафорот, и отворен меч, во кој победникот го решаваа последните десет минути.

По 15.поен на Амир Смит, ТФТ одново побегна на плу 9 (66:57), по нецели две минути од последниот период по што тренерот на домашниот тим Борче Даскаловски побара тајм-аут.
По забивањето на Смит на 3:08 минути пред крајот, гостите од Тафталиџе поведоа со највисоките (78:65) за потврда на уште една победа. Број 12, во само 16.одиграни мечеви, скор со кој во чекор го следи лидерот Пелистер.

МЗТ Скопје Уни банка остана на четири победи, сега по 17.одиграни натпревари

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 19.КОЛО

Гостивар – Кожув 56:70

Академија ФМП – Вардар         61:49

​МЗТ Скопје Уни Банка – ТФТ    74:90

Куманово 2009 – Пелистер       (18.30)

​ОДЛОЖЕНИ НАТПРЕВАРИ:

Црн Дрим Грин мобиле – Работнички

Еуро Никел 2005 – МЗТ Скопје Аеродром