20.03.2021

Гевгеличани имаа пеколен старт во Гостивар, предност од (29-10) во првата четвртина, која ја одбранија за триумф (81:75)

19. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Трае кризата на гостиварци, Кожув се враќа во игра за место во Суперлигата

Загубија пред некој ден дома од Академија ФМП, вечерва беа подобри од Гостивар, и тоа на гостински терен.

Кошаркарите на Кожув брзо се исправија за киксот на домашен терен, со многу важна победа над еден од конкурентите за местата кои водат во следната фаза од шампионатот.

ГОСТИВАР – КОЖУВ       75:81

За само пет минути од почетокот на натпреварот во Гостивар, гостите од Гевгелија направија малку очекувани (18:5), две минути подоцна веќе имаа (23:8), за таа одлична четвртина Кожув ја затвори со уште повисока предност од (29:10). А Силаџи и Скот имаа по осум реализации.

До полувремето, гостиварци симнаа добар дел од негативата. Стигнаа до (29:41). Но никако не успеваа да го пронајдат оној поентерски ритам. Ниту паузата не промени ништо во нивната игра. Задоволни од високото водство, гостите многу полесно наоѓаа решенија во нападот. На истекот на третиот период, предноста дури и ја зголемија на (62:48).

За разлика од противникот, дури четири играчи од првата петока на Кожув имаа двоцифрен број на поени, а освен тоа, гостите имаа и висок процент на реализација за два (60%) и за три поени (40%).

Во последниот дел од играта Гостивар направи сериозен обид за „камбек“. На 69.секунди пред крајот, домаќините дојдоа до негатива од само пет поени (73:78). Во следниот напад, Тодоровиќ ја намали разликата на еден посед (75:78). Но искусниот Караџовски, со својот 17.поен, го одбрани тој последен напад. 

Кај Гостивар, Костоски се одвои со дабл-дабл ефект во кој на десет поени додаде и 12. асистенции. Тодоровиќ имаше 23.поени, Јанески 14, Фрајдеј 13, а Вокер 12.поени, но евидентно, недостасуваа оние на Димчевски.

По 17.одиграни мечеви, Гостивар е на ефект (9-8) додека Кожув има (8-9).

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 19.КОЛО

Гостивар – Кожув 75:81

Академија ФМП – Вардар         во тек

​НЕДЕЛА:

16.15: МЗТ Скопје Уни Банка – ТФТ

Мала сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/Vg0TvGSqqtE

18.30: Куманово 2009 – Пелистер     (МРТ)

Сала „Перо Наков“ – Куманово

​ОДЛОЖЕНИ НАТПРЕВАРИ:

Црн Дрим Грин мобиле – Работнички

Еуро Никел 2005 – МЗТ Скопје Аеродром