28.03.2022

Борец Баскет славеше во Струга против Црн Дрим (104:90), додека Баскет КАМ беше подобар од Тетекс ТТК во Тетово (68:59)

19. КОЛО ОД ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Трае серијата на велешани, напред оди и Баскет КАМ

ФОТО: Чаир 2030 им се реваншираше на Соколи 1933 за единствениот пораз во досегашниот дел од сезоната

Уште три кола остануваат да се доиграат од регуларниот дел од сезоната во Втората лига.

А извесно е дека кошаркарите на Чаир 2030 ќе тргнат во плеј-офот од најдобрата стартна позиција, првата. Имаат недостижна предност, а својот квалитет го потврдија и со убедливиот триумф против еден од конкурентите. На свој терен, во Чаир, го победија штипски Соколи 1933 со високи (92:64), за скор (18-1).

Серијата на победи ја продолжија кошаркарите на Борец Баскет. Сега и на гостински терен, во Струга, каде не му дозволија на Црн Дрим да дојде до победа која ги води стружани кон опстанокот.

Велешани победија со (104:90), па сега се на 5. место на табелата.

Едно понапред е екипата на Баскет КАМ. Тимот од Македонска Каменица добрите игри ги круниса со гостински триумф во Тетово, против Тетекс ТТК (68:59) и ефект исто каков што имаат штипјани (12-7).

Тие се на само една победа заостанување во однос на двете екипи кои ја делат втората позиција на табелата, Соколи 1933 и Вардар, кој во ова коло убедливо го победи Шкупи, и тоа на гости во Чаир (85:64).

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 19. КОЛО

Шкупи – Вардар    64:85

Чаир 2030 – Соколи 1933          92:64

Црн Дрим – Борец Баскет         90:104

ГКК Охрид – Партизан Водно Санс    63:72

Тетекс ТТК – Баскет КАМ           59:68

Хераклеа – Струмица      52:88

ТАБЕЛА: Чаир 2003 37, Вардар 32, Соколи 1933 32, Баскет Кам 31, Борец Баскет 31, Шкупи 29, Струмица 27, Партизан Водно Санс 27, ГКК Охрид 26, Црн Дрим 25, Тетекс ТТК 24, Хераклеа 21;  

ИДНО КОЛО (02.04)

Вардар – Хераклеа

Борец Баскет – Шкупи

Струмица – Чаир 2030

Партизан Водно Санс – Тетекс ТТК

Соколи 1933 – ГКК Охрид

Баскет КАМ – Црн Дрим