07.02.2020

19.КОЛО ОД ФРАНЦУСКАТА ПРО Б ЛИГА: Ѓуроски и Евре без сили за комплетен пресврт

Фос-Сур Мер беше подобар, славеше триумф од три поени, (73:70 ). Скромни три поени и исто толку скокови за нашиот репрезентативец...

 

Слабо прво полувреме против Фос-Сур-Мер имаше Ѓуроски, впрочем така играше и неговата екипа која губеше со десет поени разлика, (31:41), а нашиот репрезентативец за нецели 15.минути во игра, не успеа да се запише во листата на стрелците.

Биеше по еднаш, неточно, за два односно за три поени. Имаше само по еден скок и една асистенција.

Во второто полувреме Евре направи играчки и резултатски пресврт. ја добија третата четвртина со (22:13), но во неколку наврати имаа и минимална предност. Егал резултат имаше и на четири минути пред крајот, пред Риго, со тројка, да му донесе предност на гостинот од (70:68), пред последните две минути од играта.

Ѓуроски реализираше една тројка (од трите обиди), додаде три скока и по една освоебан односно загубена топка. Комплетираше скоро 28.минути во игра во поразот од (70:73). 

По 19.кола во ПРО Б лигата на Франција, Евре има ефект од 7.победи и 12. порази, доволно за 15.позиција на табелата.