Што значи за екипата од Македонска Каменица двоецот Митрашиновиќ-Кметовска стана јасно уште во првото коло оод Суперлигата во кое гостинките од Струга парираа само една четвртина.
БАСКЕТ КАМ – СТРУГА 2009 88:53
Силен почеток имаше домашната екипа која уште во првата четвртина дојде до 31.поен. Стартната петорка направи голема разлика (31:12), по само десет минути од играта.
Стружани заиграа многу побро во нападот на почетокот на вториот период кога симнаа добар дел од високата негатива. Со серија (12-3), намалија на десет поени (24:34) во средишниот дел од втората четвртина. Работата им ја олесни излегувањето на Кметовска, која ја заработи третата лична грешка во раната фаза од играта (дотогаш имаше ефект од 11.поени и 5. скока)
До истекот на првото полувреме гостинската екипа ја симна разликата на едноцифрена (37:45), со помош на Лаковиќ (13.поени) и Модева (10).
Но во третата четвртина рабоитет си дојдоа на своето место. Кметовска се врати на паркетот, и со помош од Митрашиновиќ и Шејкероска, одново ја воспоставија доминацијата. Со серија од (22-6) во осум минути, домашната екипа поведе со недостижна предност од (67:43), потоа (70:45).
На крајот, Анџелика Митрашиновиќ застана на ефект од 33.поени, 9.скока, 8.асистенции и 7.освоени топки, или 39.индекснки поени!
Ивана Кметовска пак даде 29.пени, имаше и 15.скока и 4. асистенции, доволно за индекс-35.
Премногу за надевањата на Струга 2009 дека може да направи нешто освен да биде подобра во една четвртина на ова гостување.
* Кошаркарките на Крива Паланка го направија првото изненадување. Беа подобри од екипата на Работнички која барем „на хартија“ важеше како фаворит на гостувањето во Крива Паланка.
КРИВА ПАЛАНКА – РАБОТНИЧКИ 70:43
Но без помошта на Едина Муса, Работнички не е таа екипа која во првиот дел од сезоната направи одличен резултат, скор од десет победи и два порази.
Тоа обилно го искористија домашните кошаркарки кои уште во првата четвртина стигнаа до двоцифрена позитива (18:6).
Предводени од Марјановиќ (15.поени) и Алексовска (11), домашните кошаркарки таа предност ја зголемија. По 20.минути водеа уште поубедливо (37:19).
Во второто полувреме домашните кошркарки ја удвоија и онака високата предност. Стигнаа до повеќе од убедлива победа со која најавија дека се подготвени да ја бркаат позицијата број 4 која води во доигрувањето за титулата.
Марјановиќ имаше екстра-ефект од 20.поени и 22.скока, додека Алексовска комплетираше 20.поени и 5.скока, а десет поени дополни Петревска.
Кај Работнички, десет поени дојдоа од Стојановска, единствената која стигна до двоцифрената поентерска граница на ова гостување во Крива Паланка.