10.04.2021

Со натпреварите од првото коло, денеска стартува вториот дел од сезоната во Првата лига-жени – Суперлигата.

1.КОЛО ОД СУПЕРЛИГА-ЖЕНИ: Како за почеток, супер дерби, Вардар-Бадел 1862

По три првопласирани екипи од двете групи, Исток односно Запад, обезбедија место во суперлигашката фаза во која ќе се одиграат уште шест натпревари.

Шесте екипи ги префрлија своето бодовно салдо во овој втор круг на натпревари.

Евидентно во голема предност се двете екипи кои во првиот дел останаа со максимален ефект, Бадел 1862 и Баскет КАМ. Имаат два чекори предност во однос на екипите на Работнички и на Вардар, додека далеку назад се екипите на Струга 2009 и на Крива Паланка.

Првопласираните четири екипи од Суперлигата ќе обезбедат место во плеј-офот и битката за шампионската трка.

Првото носи го носи и првото големо дерби. Денеска од 16.часот, во салата „Под Кале“, Вардар го пречекува составот на Бадел 1862.

Паралелно со натпреварите од Суперлигата (веќе стартуваа) се играат и оние во Плеј-аут конкуренцијата. Таму се седумтте екипи исто така со пренесени резултати од првата фаза) кои не успеаја да се најдат во оние кои завршија до третата позиција во регуларниот дел од сезоната.

 

СУПЕРЛИГА-ЖЕНИ

ДВОЈКИ 1. КОЛО

ДЕНЕСКА:

16.00: Вардар – Бадел 1862

Сала на КК „Вардар“ – Скопје

НЕДЕЛА:

14.00: Крива Паланка – Работнички

Сала „Бранител 2001“- Крива Паланка

14.00: Баскет КАМ – Струга 2009

Сала „Кирил и Методиј“ - Каменица

ТАБЕЛА

1.Бадел 1862         12       12       0          1074:429      24

2.Баскет КАМ         12       12       0          972:550        24

3.Работнички         12       10       2          888:486        22

4.Вардар      12       10       2          938:551        22

5.Струга 2009         12       7          5          721:585        19

6.Крива Паланка   12       7          5          772:675        19

 

ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА-ЖЕНИ

ДВОЈКИ 2. КОЛО

ДЕНЕСКА:

13.00: Про Баскет – Пантери

Сала „Партизан“- Кавадарци

НЕДЕЛА:

12.00: МЗТ Скопје Аеродром - Гостивар

Сала „Независна Македонија “- Скопје

15.00: Куманово – Трокал

Сала „Перо Наков“ - Куманово

РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО

Гостивар – Куманово      52:47

Шкупи – МЗТ Скопје Аеродром          69:74

Трокал – Про Баскет        32:58

ПЛЕЈ АУТ ЛИГА

1.Про Баскет           13       8          5          710:743        21

2.МЗТ Скопје Аеродром 13       5          8          669:792        18

3.Гостивар 2009    13       5          8          611:904        18

4.Трокал      13       4          9          592:800        17

5.Шкупи       13       4          9          614:907        17

6.Куманово 2020  13       2          11       446:930        15

7.Пантери    12       1          11       419:877        13