28.02.2022

Шампионот славеше во Крива Паланка (88:75), а Вардар против Струга 2009 (78:55)

1.КОЛО-„ОРОЛОЏО“-ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Баскет Кам 2011 и Вардар тргнаа со победи во вториот круг

Овој викенд стартуваше и втората фаза од натпреварите во најсилната женска конкуренција, групата „А“.

Предвидува одигрување на седум кола, според „Оролоџо“ системот, по кои најдобрите четири екипи ќе обезбедат пласман во доигрувањето за шампионската титула.

Во првото коло, очекувани победи на екипит екои важ

А како кандидат за највисокото место во првата „четворка“, ново-стариот освојувач на Купот, екипата на Баскет КАМ 2011 победи на гостински терен во Крива Паланка (88:75), и го држи притисокот врз лидерската екипа, Бадел 1862 која својот натпревар од вториот круг ќе го игра на 1. март (вторник), против МЗТ Скопје Аеродром. Победа, и тоа убедлива и за кошаркарките на Вардар кои на свој терен беа многу подобри од Струга 2009 (78:55).

Во групата „Б“ сигурни беа фаворитите кои конкурираат за места во Првата лига.

Кавадаречки Трокал славеше на гостувањето во Гостивар (77:49), и го задржа чекорот пред екипата на Гризли која во ова коло делуваше убедливо против младиот тим на Тим Арена (64:39).

Во Делчево, Патриот 2016 оствари повеќе од убедлив триумф (118:11) против прилепски Мега Баскет, а екипата на Шкупи , исто така убедливо, ја порази Ринија (78:37).

ПРВА „А“ ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО - ОРОЛОЏО

Крива Паланка - Баскет Кам 2011      75:88

Вардар – Струга 2009     78:55

Пробаскет – слободен

01.03: Бадел 1862 - МЗТ Скопје Аеродром

ТАБЕЛА: Бадел 1862 24 (-1), Баскет Кам 2011 24, Вардар 22, Струга 2009 18, Крива Паланка 18, МЗТ Скопје Аеродром 14 (-1), Пробаскет 12;

ИДНО КОЛО (05.03)

Пробаскет – Крива Паланка

Струга 2009 – Бадел 1862

Баскет КАМ – Вардар

МЗТ Скопје Аеродром – слободен

ПРВА „Б“ ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 11.КОЛО

Гостивар 2009 – Трокал 49:77

Гризли - Тим Арена          64:39

Патриот 2016 - Мега Баскет      118:11

Шкупи – Риниа      78:37

ТАБЕЛА: Трокал 19, Гризли 18, Патриот 2016 16, Тим Арена 16, Гостивар 2009 14, Шкупи 14, ЖКК Куманово 2020 12, Риниа 11, Мега Баскет 10;

ИДНО КОЛО (05.03)

Тим Арена – Патриот

Мега Баскет – Шкупи

Риниа – Гостивар

Трокал – Куманово

Гризли - слободен