15.04.2021

Девојките во „црвено-црно“ беа поуспешни од Струга 2009 (71:53)

2. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА –ЖЕНИ: „Вардарки“ ја освоија Струга

Кошаркарките на Вардар дојдоа до својата прва победа во натпреварите од Суперлигата. Во вториот обид, на гостувањето во Струга, стигнаа до бодовите кои ги држат во првата „четворка“ од втората натпреварувачка фаза од првенството.

СТРУГА 2009 – ВАРДАР  53:71

Уште од самиот почеток, гостинските брзо воспоставија доминација, односно солидна резултатска предност, која на истекот на првата четвртина беше изразена со (23:14).

Истото го повторија и во вториот период. Одиграа слично, и таа предност ја удвоија. На полувремето, девојките во „црвено-црна“ комбинација веќе водеа со убедливи (46:31).  

Најмалку ефикасна беше третата четвртина од играта во која двете екипи уште повеќе го успорија темпото на играта. На двете страни беа реализирани само 20. Поен. Од нив, 11. на страната на гостинките од Скопје.

Последниот период беше рутинерски за Вардар, кој имаше повеќе расположени кошаркарки за игра.  

Подунавац дојде до одличен скор од 20.поени и 16.скока. Најискусната во нивните редпови, Наков дополно со уште еден дабл-дабл од 16.поени 11.скока (плус и 6.асистенции), додека пак Петрушевска реализираше и трет дабл-дабл во гостинскиот тим, имаше 14. поени и 11.скока.

Кај Струга 2009, која го запиша и вториот суперлигашки пораз, Зендели даде 11.поени. по девет имаа Лаковиќ и Спајиќ, а осум постигна младата репрезентативка, Модева.