25.03.2022

Очекувано, кавадарчани славеа против МЗТ Скопје Уни Банка (91:82)

20. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Еуро Никел 2005 направи чекор плус кон Суперлигата

На две коа пред крајот на регуларниот дел, Еуро Никел 2005 има две победи повеќе во однос на Феникс 2010, и уште поголеми шанси да остане во првата „шесторка“ која ќе продложи во битките за шампионскиот трофеј.

ЕУРО НИКЕЛ 2005 – МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА      91:82

Кавадарчани одиграа одлична прва четвртина во која резлизираа дури 32. поени, примија 19, за двоцифрена предност.

Разлика со која избраниците на тренерот Горан Самарџиев не се задоволија, и до одморот реализираа уште повисоко водство. Сега од 20. поени, (56:36).

Задоволни од високото водство, кошаркарите на Еуро Никел 2005 рутинерски го одработија оној втор дел во кој му дозволија на противникот да прифати дури и еден пристоен пораз, кој сепак, не ги промени работите на теренот.

Еуро Никел 2005 стигна до својата 12. победа во 20. одиграни натпревари и место место на табелата во Првата лига-мажи. Или две повеќе во однос на Феникс 2010, екипата која својот натпревар од ова 20. коло ќе го одигра во недела навечер, против Куманово 2009 на домашен терен.